- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секогаш слушаме дека најдобриот начин да се бориме со првите знаци на стареење е превентивна и правилна нега, но дали anti-age третманите ги употребуваме прерано? Ако сте во своите дваесетти години и размислувате за креми и серуми против брчки, ви откривам дека потребата за овие третмани е премногу рано.

Младите девојки во дваесеттите години често паѓаат во искушение да ја одржуваат кожата здрава и убава што подолго време, така што порано почнуваат со третмани против стареење. Но, водечките дерматолози тврдат дека употребата на креми и серуми наменети за возраст од 40+ на кожата кај девојките од 20+ нема да имаат многу придобивки, а тоа ќе ве чини многу.

Значи, кожата во дваесеттите години нема потреба од состојки кои го стимулираат создавањето на колаген и пеглањето на брчките (ретинол). Залихите на еластин, витамини, колаген и вода се присутни во добар процент кај жените во третата деценија. Но, кога ќе наполните триесет години, залихата на овие материи се намалуваат, па затоа употребата на третмани против стареење е оправдана.

- Реклама -

Anti-age третмани во 20-тите: Да или не?

Креми против стареење = акни?

Anti-age третманите често се со масна и потешка текстура, бидејќи се наменети за жени со над 40 и 50+ години, чија кожа многу повеќе е сува од девојките со дваесет години. Тоа е причината зошто тие третмани можат да придонесат за запушување на порите и создавање акни на младата кожа, која најчесто е комбинирана и има доволно количество на природни масла.

Состојбата на кожата во 20-тите: Денес!

Дерматолозите се согласуваат во една работа, нашата кожа е во полоша состојба. Изложеноста на интензивно загадување, слабата исхрана и стресот го земаат данокот. Покрај тоа, девојките со дваесет години употребуваат многу повеќе шминка од било кога. Сето ова е агресивно за кожата и предизвикува дехидрација. Покрај тоа, дополнително ја оштетуваме кожата со неправилно чистење на лицето, на пример, влажни марамчиња кои се полни со хемикалии и непотребно ја оштетуваат кожата. Се ова е катастрофално за кожата во иднина.

Превентива која е доволна!

Наместо да се обидувате да бидете чекор понапред од фините линии и брчките кои ги немате во 20-тите години, подобро фокусирајте се на:

Хидратација (лесен крем со хијалуронска киселина, алое, уреа, термална вода),

Заштита на кожата од сонцето (SPF гел креми за лице),

Антиоксидантна нега (ги подобрува оштетувањата од сонцето и ја штити кожата од слободните радикали – витамин Ц, витамин Е, зелен чај, грозје…)

Оваа нега на лицето ќе ја одржи светлината на кожата, свежината и младоликиот тен, а ретинолот, колагенот, пептидите и маслата оставете ги за следната деценија.

Сè е индивидуално!

Сепак, не можеме се да генерализираме, почетокот на борбата против стареењето зависи од индивидуалниот животен стил. На просечните 20-годишни девојки, ретинолот, пептидите и Q10 не им се потребни, но ако сте пораснале покрај плажата, сте се бавеле со спорт на отворено, поминувате многу време на сончање, можеби ќе треба да почнете со третмани против стареење порано, бидејќи овој начин на живот го забрзува процесот на стареење.

Областа околу очите?

Со цел да се спречат брчките околу очите, младите девојки често применуваат третмани со состојки против стареењето. Овие креми се мрсни и хранливи, а во 20-тите години не ви треба ова. Имено, ако користите тежок Anti-age производ против стареење, деликатната кожа околу очите може да потече односно да се јават отоци. Затоа, одберете само гел или лесен крем за очи што има функција за хидратација.