- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како вашиот парфем да трае подолго? Секојдневно се среќавам со прашања…

Парфемот е како крими роман, треба внимателно да го дозираме за да ја задржиме публиката во неизвесност.

Парфемот и неговата долготрајност!

Еден од многуте ценети квалитети на еден парфем е неговата долготрајност. Дури и ако не сте фанатик за ароматерапија, треба да знаете дека вдишувањето на миризливи масла го стимулира создавањето на пријатни асоцијации со одредени настани и луѓе, тоа тврдење научно е докажано.

Дали знаете дека хидрираната кожа обезбедува парфемот да трае подолго?

Парфемите не сакаат да се дружат со сува кожа, па затоа треба да ги привлечете со мали стимулации.

- Реклама -

Започнете ја вашата рутина за нега на лицето и вратот со навлажнувачки крем за лице, а телото со навлажнувачки лосион за тело за да ја интензивирате влагата на вашата кожа. Со тоа сигурно ќе обезбедите долготрајност на вашиот мирис. Навлажнувачкиот крем за лице и лосион за тело ја хидрира кожата и делува како катализатор на вашиот мирис.

Најдобри резултати ќе постигнете ако користете лосион за тело од иста колекција како парфемот, но може да купите и лосион за тело кој е неутрален, односно без мирис.

Нанесувањето на парфемот треба да го практикувате по следниов редослед:

Веднаш после туширањето, нанесете го лосионот за тело и се додека кожата е влажна, прскајте неколку пати од вашиот парфем. Кожата ќе ја апсорбира целата мешавина, а топлината на телото постепено ќе ги ослободува молекулите на мирисот.

Миризлива коса? Да или Не?

Друг трик, кој исто така ќе го зголеми времетраењето и интензитетот на вашиот парфем е неговата примена на влажна коса. Веднаш штом ќе излезете од туш, нанесете малку на краевите на косата. Бидејќи косата постепено се суши, парфемот исто така ќе ги раздвојува молекулите со исто темпо. Откако ќе се исуши, кога ќе ја протресете косата, молекулите на парфемот ќе остават трага во воздухот, така што луѓето што ќе одат по вас, дефинитивно ќе го детектираат вашиот мирис.

Миризлива облека? Да или Не?

Вистина е дека eau de parfums мирисите се повеќе концентрирани од eau de toilettes мирисите и како такви тие можат да предизвикаат дамки на одредени ткаенини, затоа ви препорачувам никогаш да не нанесувате парфем на облека. Меѓутоа, ако ги прифатите моите совети, миризливата облека може да ви биде вистински сојузник.

Нанесете го парфемот на рабовите на облеката и на места каде што нема да бидат видливи.

Користете тенка марама и нежно нанесете го парфемот. Нека се исуши марамата на воздух и носете ја  како моден додаток со вашата омилена гардероба, трикот функционира и со капа.

Дали знаете како правилно да го чувајте парфемот?

Можеби не го знаете ова, но ако го оставите вашиот парфем на директна сончева светлина и на топло, некои од соединенијата во вашиот парфем ќе исчезнат, оставајќи ви ништо друго освен малку мирисна вода и алкохол.

Ако сте одлучиле да го чувате парфемот во вашата бања, немојте! Влажноста и топлината од бањата можат да влијаат на неговите соединенија, така што ви советувам да пронајдете друго посоодветно ладно и темно место за чување на вашите парфеми.