- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Долго очекуваното годишно издание на легендарниот теракотен бронзер од Guerlain, конечно пристигна! Познатиот Француски бренд го презентираше бронзерот Terracotta Sahara Jewel sun light duo за сезоната лето 2018 година.

Комбинација на топли бронзени нијанси!

Лимитираната едиција на бронзерот ги комбинира топлите бронзени нијанси со нагласени златни тонови и монохроматски бои за постигнување на исончан тен на лицето.

Претставен како колекционерски скапоцен камен!

Бронзерот е претставен како колекционерски скапоцен камен во форма на компактна пудра со мека корална нијанса украсена со препознатливиот мотив на сонцето.

Уникатен декор!

Луксузниот капак се отвора за да се открие уникатен декор направен од најдобро продаваната суптилно раскошна сенка со нијанса Terracotta 03, која дава топлина на тенот на лицето, заедно искомбинирана со светкав златен прав и розова нијанса на руменило. Боите може да се користат одделно или да се мешаат заедно за да се создаде фин, топол превез над кожата.

- Реклама -

Прекрасен мирис!

Како вообичаено со мејкап производите на Guerlain, бронзерот Terracotta Sahara Jewel мириса прекрасно, исто како парфемот Terracotta Le Parfum, мешајќи ги мирисните ноти од ylang-ylang и цветот од портокал со сончевите нијанси на тонка и ванила. Навестувањето на белиот мошус, остава мека кремаста трага, за да ги разбуди твоите сетила и да те пренеси до топол брег на тропски остров.