- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Giorgio Armani Sì Eau de Toilette: ведра и деликатна интерпретација на истоимениот парфем. Sì ја претставува модерната женственост на Armani. Парфемот е креиран за жена која е храбра да каже ДА на животот. Нејзината независност е неодолива. Таа е вечен оптимист, без одложување им се предава на емоциите и заводливиот шарм на слободата. Таа е префинета и зрачи со нејзината привлечност. Sì Eau de Toilette одразува впечатлива енергија во оваа чудесна жена, чија грациозност и елеганција ги плени сите луѓе со кои се соочува. Нејзината радост кон животот е заразна. Нејзиниот дух е силен и непоколеблив. Sì Eau de Toilette е нејзината карта за бегство, среќа и слобода.

Sì на емоциите!

Giorgio Armani секогаш вели ДА на случајноста, беспрекорен стил и безвременски луксуз. Sì Eau de Toilette за жени кои се икони на своето време – силни и сензуални жени во потполност посветени на животните радости. Растреперени и гламурозни креации ја одразуваат нивната спонтаност. Дискретната привлечност на гола кожа се препознава под проѕирната ткаенина. Силни емоции се трансформираат во сончева ведрина на приказната за Eau de Toilette.

Sì на светлоста!

Луксузна, но едноставна: Sì Eau de Toilette ги содржи само најосновните состојки. Нежна како свила која ја милува кожата – суптилна и заводлива. Сјајниот овошен chypre е сочинет од совршено ускладени контрасти: акорди на шербет од црна рибизла и круша зајакната со ноти на мошус. Деликатноста и освежувачкиот мирис се отвара со црната рибизла и свежите ноти на круша. Уште една димензија отвораат трите цитрусни ноти – Италијанскиот бергамот, мандарина, а во срцето нероли – букет од рози од Прованса.

Sì на едноставноста!

Препознатливото шишенце зрачи со нов сјај. Како што е осветлено со зраците на сонцето, лакираното капаче се одразува на мека светлина. Неговaта органска форма нежно е обвиткана со златен прстен, под кој се наоѓа стаклена призма со мирис, искапен во суптилна розеникава светлост во комбинација со транспарентни проѕирни рабови. Бескрајниот одраз се рефлектира во златното дно на шишето.

- Реклама -