- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Acqua di Fiori ја слави виталноста и енергијата на младоста и пријателството!

Со спој настанат преку спонтаноста и убавината на младоста, женското пријателство брзо станува нераскинливо и му се спротивставува на времето. Нивните вистински поврзаности се откриени во новото поглавје на Gucci Bloom. Свеж, зелен мирис создаден од оригиналниот мирис, Gucci Bloom Acqua di Fiori ја слави виталноста и енергијата на младоста и пријателството. Инспиративен и блескав, парфемот ја изразува убавината на несвесната невиност.

Парфем кој потсетува на расцветана градина!

Новиот мирис на Alessandro Michele е креиран од страна на мастер парфимеристот Alberto Morillas. Останувајќи верен на високо концентрираните состојки на Gucci Bloom, парфем кој потсетува на расцветана градина, Gucci Bloom Acqua di Fiori е свеж, пријатен зелен мирис. Мирисот ја задржува оригиналната цветна нота на Bloom, помешана во еден посебен ароматичен израз.

- Реклама -

Интензивно зелена и свежа, новата влажна нота на зелениот галбанум и слатките ноти на плод од црна рибизла ги отвораат горните ноти. Суптилните мошусни тонови на листовите од галбанум одлично се надополнуваат со деликатната зачинетост на плодовите од црна рибизла. Срцевината на мирисот содржи ноти од пупки од јасмин, исто како и Gucci Bloom, како и рангун ползавец и тубероза, додека сензуалната основа е составена од ноти на мошус и сандалово дрво, кои носат топлина и длабочина на мирисот. Заедно нотите на мирисот претставуваат еден флорален водопад, кој е пренесен во живот преку кампањата.

Dakota Johnson, Hari Nef и Petra Collins заштитни лица на кампањата!

Виталноста и енергијата на младоста која ја слави Gucci Bloom Acqua di Fiori, е претставена во свет како од сон. За кампањата, која е режирана од страна на Glen Luchford, пријателките на модната куќа и заштитните лица Dakota Johnson, Hari Nef и Petra Collins се откриваат себеси во убавината на природата, покажувајќи ја нивната посебна врска. Пливајќи на зајдисонце во езеро исполнето со цветови и трски, триото е прикажано во момент исполнет со вибрантен оптимизам. Пролетта пристигна, а со неа и нејзиниот надежен дух, кој се совпаѓа со емоциите кои тие ги чувствуваат.

Бојата ги рефлектира нотите на мирисот и неговата порака за енергија и свежина!

Како и кај Gucci Bloom, надворешното пакување на Gucci Bloom Acqua di Fiori одвнатре и однадвор е украсено со оригиналниот флорален принт – хербариум, но овој пат во зелена нијанса. Дизајнот од листови, гранчиња и цветчиња од цреша е врамена во рамка со црна боја, а исто така може да се види и на шишенцето каде е впишано името на брендот во бледо розова боја. Бојата ги рефлектира нотите на мирисот и неговата порака за енергија и свежина.