- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Monsieur Big има се што една жена може да го посака!

Козметичкиот бренд Lancôme повторно изненадува со нов производ за убавина. Најсилниот сојузник за заводлив изглед на очите, вистински џентлмен, љубител на храбрите погледи и трепки црни како јаглен, Monsieur Big има се што една жена може да го посака.

Не е тајна за оние кои ме следат дека сум голем обожавател на маскарите од Lancôme. Bеќе неколку години имам можност да ги тестирам маскарите и искрено никогаш не најдов друг бренд кој може да се натпреварува со нив. Lancôme е добро познат во индустријата за убавина по изработка на висококвалитетни маскари кои обезбедуваат должина, свиткување и волумен. Маскарата Lancôme Definicils е нивна најпродавана маскара, но за мене омилени ми се Grandiose и Hypnose Drama.

Големи трепки со 12 пати поголем волумен!

Бев возбудена кога слушнав дека Lancôme најави нова маскара за која вети дека би можела да создаде големи трепки со 12 пати поголем волумен, во траење до 24 часа. Ветувањето речиси е неверојатно, но резултати после тестот беа над очекуваните.

Четката на Monsieur Big има уникатна форма со меки, брановидни влакна за да овозможи совршено нанесување на формулата со еден потег. Неговата ултра кремаста формула има еластични восоци и полимери кои веднаш се прицврстуваат на трепките за да обезбедат волумен и должина. Само еден слој и ќе видите зошто Monsieur Big е мој фаворит. Продолжете да аплицирате и ќе ги заборавите сите други. Според мене четката на маскарата лесно лизга на трепките при нанесувањето, лесна е за носење цел ден, бојата е црна како јаглен, ги прави очите да изгледаат поголеми и екстремно ги продолжува трепките.

- Реклама -

Издржливост што трае цел ден!

Маскарата не е декларирана како водоотпорна, но тврдењето дека е долготрајна до 24 часа без да се размачкува, потполно се потврди со издржливост што траеше цел ден. Од искуство при шминкање се уверив дека маскарата е погодна за осетливи очи и за корисници на контактни леќи.

Должина, волумен и убаво нежно свиткување!

Оваа формула е искрено најдобрата што сум ја пробала. Тоа може да се каже за сите маскари на Lancôme, но оваа навистина ги надминува сите! Откако ја носев секој ден, цела недела, никогаш не се размачка. Тaa ги издолжи моите трепки и создаде голема количина на волумен и постигна ефект на вештачки трепки. Четката е поголема од многу други маскари, но не е толку голем да го отежнува нанесувањето на трепките. По аплицирањето формулата се исуши прилично брзо. Го сакам фактот што маскарата на моите трепки им дава должина, волумен и убаво нежно свиткување.

Вистински џентлмен во оваа заводлива приказна!

Monsieur Big маскарата е вистински џентлмен во оваа заводлива приказна!!!  Морате да ја пробате и се ќе ви биде јасно.