- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Max Factor со течната пудра Healthy Skin Harmony, доаѓа со некои навистина смели изјави. Max Factor вели дека пудрата е одлична за вашето лице и препорачува подобро да ја носите и да ја користите место да не носите никаква пудра.

Интересен маркетинг, бев многу љубопитна штом добив шанса да ја тестирам нивната течна пудра. Од сите мејкап производи течната пудра е една од моите главни љубови во животот. Можеби мислите дека  претерувам со таа изјава, но искрено, една од моите главни цели при шминкањето е да ја пронајдам совршената.

Пудрата за мене е еден од основните производи за шминка што ако ја погодите, сè друго изгледа многу подобро. Затоа сакам да ги тестирам новите течни пудри.

Max Factor Healthy Skin Harmony течната пудра доаѓа во проѕирно четвртасто стаклено шише со проѕирно пластично капаче. Пумпицата за аплицирање направена од црна пластика и одлично функционира. Многу лесно се контролира количината на пудра при аплицирањето, обично доволно е два пати да притиснете за покривање на цело лице. Во шишенцето се наоѓа 30ml течна пудра.

- Реклама -

Max Factor за течната пудра тврди дека формулата треба да ви обезбеди 24 часовна хидратација, SPF 20 заштита од штетните сончеви зраци и контрола на маснотиите кои се појавуваат на лицето во текот на денот. Таа треба да ви даде полу мат финиш, средна покривност и свеж изглед на кожата која ќе се бори против стрес факторите од околината.

Сега сакам да ви ги претставам моите впечатоци за пудрата!

Max Factor ни понуди само пет нијанси, но за мене некако најмногу одговара број 55 бежова боја. Текстурата на пудрата е прилично кремаста и мазна, речиси како гел, со свеж мирис што беше љубов на прв допир. Пудрата е совршено избалансирана, а моќта на покривање е средна.

Константноста во текот на денот е одлична, не бара корекција долго време и трае речиси цел ден. Се постигнува ефектот на здрава и светла кожа, а во комбинација со SPF20 ја прави одлична за дневна употреба. Погодна е за сите видови на кожа, но и за сува кожа ако употребувате хранлив крем или база како подлога.

Јас би го опишалa финишот на оваа пудра врз мене како природна роса, бидејќи се развива нежен сјај на вистинските места, наместо да биде мрсна по целото лице. Таа прекрасно се впива на сува или дехидрирана кожа вклучувајќи ги и непријатните делови од носот. Финишот е полу мат, изгледа мат на некој начин, но исто така дава на кожата природен сјај. Пудрата има средна покривност, но одредени несовршености не ги покрива како што се црвенилото и флеките на лицето. Би рекла дека пудрата има добра трајна моќ. Сеуште ја гледам на мојата кожа на крајот од денот.

Имајќи предвид дека содржи пропилен-гликол и мирис, оваа пудра не е за осетлива кожа, па ако имате проблем со чувствителна кожа и црвенило од било кој вид, пудрата не е за вас.

Што се однесува до тврдењето дека подобро за вашата кожа е да ја носите оваа пудра, отколку да не носите пудра воопшто, не можам да потврдам со сигурност такво мислење, бидејќи мислам дека внесувањето на состојки за нега на кожата во течните пудри не е ништо ново, туку повеќе од стандард во денешно време.

Се надевам дека тоа ја прави мојата кожа да изгледа поубаво, но тоа можеби е само добра маркетинг стратегија за да ги привлечат оние клиенти кои се уште мислат дека течни пудри се лоши за вашата кожа.

А сега ви нудам одговори на неколку прашања што сигурно ви се наметнат читајќи за течната пудра од Max Factor.

За кого е наменета оваа течна пудра?

Пудрата е наменета за жените кои сакаат да постигнат беспрекорен изглед кој трае. Формулата на пудрата е направена да се бори против секојдневниот стрес кој може да влијае врз вашата убавината.

Дали има потреба од ваква течна пудра?

Секојдневните стресови имаат значително влијание врз пудрата што ја употребувате, бидејќи стресот првенствено се манифестира на кожата на лицето. Жените имаат уморен изглед, безживотен изглед на кожата, затоа често бараат мејкап производи кои ќе ја негуваат кожата на лицето.

Кои се придобивките од 24 часовна хидратација, SPF 20 и контрола на сјајноста на кожата?

Континуираната хидратација е балансирана со маслени апсорбирачи да ја контролираат сјајноста, додека заштитниот фактор SPF 20 помага при заштитата на кожата од ефектите на сонцето.

На кој начин се нанесува пудрата?

Пудрата се нанесува на лицето со употреба на кружна техника на движење со прстите, со цел се постигне штотуку нанесен свеж мејкап изглед и да овозможите пудрата да го направи остатокот од напорната работа во текот на денот.

На кој начин се отстранува пудрата?

Max Factor Healthy Skin Harmony може да се отстрани со топла вода и течност за чистење на лицето.

Се надевам дека ќе уживате во читањето…