- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

L’Oréal Smooth Sugar пилинзи со 3 видови шеќер со 100% природно потекло!

Smooth Sugar линија на пилинзи од L’Oréal за длабоко негување се состои од три различни производи создадени врз основа на комбинација од три видови на шеќер со 100% природно потекло и уште една состојка уникатна за секој од трите производи.

Се прашувате зошто шеќерен пилинг?

Одговорот е едноставен: поради својата текстура шеќерните кристали се нежни состојки кои не се агресивни за чувствителната кожа на лицето, но истовремено имаат моќен ефект за чистење на лицето.

Smooth Sugar пилинзите ги содржат овие три видови на шеќер:

Бел шеќер:

Се наоѓа во коренот на шеќерна репка и неговите фини и микро кристали прецизно ги отстрануваат мртвите клетки од површината на лицето.

Жолт шеќер:

Добиен од шеќерна трска, богата со витамини Б5 и Б6 ја прави кожата мека.

- Реклама -

Кафеав шеќер:

Содржи Б витамини, како и калциум и магнезиум, кои се од суштинско значење за обновување на клеточниот метаболизам.

L’Oréal Smooth Sugar Nourish Scrub – шеќерен пилинг за мазна и нахранета кожа!

Три вида на шеќери + какао путер!

Се состои од три споменати видови на шеќер, кои заедно со какао путер, масло од кокос и зрна од какао, моментално даваат еластична и нахранета кожа на лицето. Додека какао путерот кој е богат со есенцијални масни киселини ја ублажува сувоста на кожата, кокосово масло е богато со липиди, кои имаат способност да ја штитат површината на кожата, а зрната од какао ги отстрануваат мртвите клетки на кожата, откривајќи многу помека кожа.

L’Oréal Smooth Sugar Clear Scrub – шеќерен пилинг за темелно чистење на лицето!

Три видови шеќер + киви!

Во оваа верзија на комбинација од три видови шеќер, додадени се уште три природни состојки кои помагаат да се исчисти лицето. Всушност, тоа се семките од киви кои ја измазнуваат кожата и со тоа се намалува видливоста на митесерите, а етеричното масло од нане делува на смирувачки начин да се намалат несовршености на кожата, за на крај маслото од лимонска трева совршено ја чисти кожата. Гел текстура на овој пилинг е многу лесна и се загрева на кожата, со тоа и чистењето на кожата се интензивира, а кожата станува свежа и мазна.

L’Oréal Smooth Sugar Glow Scrub – шеќерен пилинг за мазна и сјајна кожа!

Три вида шеќер + масло од семки на грозје!

Овој пилинг исто така содржи бел, жолт и кафеав шеќер, но тука клучна состојка е маслото од семки од грозје, збогатен со витамин Е, кој обезбедува сјајна кожа. Исто така во овој моќен пилинг за убавината се наоѓа маслото монои, уште една природна состојка која помага за хидратација на кожата и го штити природниот сјај и свежина, како и ацаи прав кој силно делува за мазна површина на кожата.

Неколку препораки за употреба!

Основното правило за секој од овие три шеќерни пилинзи е да се нанесуваат на чиста и сува кожа. После тоа со влажни прсти со топла вода, нежно се трие смесата во кожата на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите. Кога шеќерот ќе се стопи под прстите, исплакнете го лицето со топла вода.

L’Oréal Smooth Sugar шеќерните пилинзи може да се користат до три пати неделно за оптимални резултати.

Не заборавајте ги усните!

Како што на вашето лице му треба редовен пилинг, така и вашите усни ќе ви бидат благодарни за повремени пилинг третмани. Сите три пилинзи од L’Oréal може да се користат за нега на усните, особено кога тие се склони кон сушење и пукање.

Нанесете на вашите прсти еден од овие три производи и со нежни движења направете пилинг. На крајот од суштинско значење е да ги хидрирате усните за да се нахранат, а во исто време да се заштита од сите надворешни штетни влијанија. Покрај тоа со оваа комплетна нега, вашиот омилен кармин ќе изгледаа уште подобро и подолго ќе се задржи на усните!