- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ова лето, Davidoff Cool Water оригиналниот мирис на океанот, продолжува со истражувањето на најчудесните океани и крајбрежја во светот. Davidoff Cool Water ве кани да нурнете во блескавите води на Карибите, да ја почувствувате свежината на брановите на вашата кожа, нежноста на ветренцето и топлината на сонцето. Дали сте подготвени за животно искуство? Спакувајте го вашиот пасош и следете ја трагата на белиот песок, тоа е патот до летото!

Добредојдовте на Карибите!

Едицијата Davidoff Cool Water Caribbean Summer евоцира бескрајни пространства со бел песок, галени од нежните бранчиња. Свет каде боите се поблескави, сензациите поживописни, емоциите поинтензивни. Рајот на земјата, дестинација каде се создаваат соништата. Добредојдовте на Карибите.

Davidoff Cool Water Man Caribbean Summer Edition

Посвежа варијанта на оригиналниот машки мирис, едицијата Davidoff Cool Water Man Caribbean Summer содржи свежи цитрусни ноти на мандарина, лимон и грејпфрут, со мажествени ароматични ноти на босилек, жалфија и смрека. Пријатна и динамична, срцевината составена од ноти на нане понатаму се развива во топол и смел потпис, каде доминира елеганцијата на сандаловото дрво.

Davidoff Cool Water Woman Caribbean Summer Edition

Свеж, но сепак несомнено женствен, Davidoff Cool Water Woman Caribbean Summer се отвора со ноти на диња, надополнети со ноти на сочен ананас и свежи листови од нане. Нежната флорална срцевина е исполнета со ноти на слатка момина солза – суптилно ветување потврдено од богатата, сензуална трага на orrisroot.

- Реклама -

Davidoff Cool Water Woman Sea Rose Caribbean Summer Edition

Магичен и контрастен мирис, Davidoff Cool Water Woman Sea Rose Caribbean Summer ги комбинира блескавите пенливи горни ноти на мандарина и nashi круша со привлечната сензуалност на розата во неговата срцевина. Рафинираните дрвенести ноти на кашмир носат длабочина и софистицираност на мирисот нанесен на кожата.

Елегантните пакувања нудат нурнување во синиот карипски рај!

Следете ја летната патека со Davidoff Cool Water Caribbean Summer Edition. На култните Davidoff Cool Water шишенца – шишето на машкиот мирис и женското шише во форма на капка вода – патека од бел песок ви го покажува патот до тропскиот рај.  Елегантните надворешни пакување се украсени со стилски примамливи слики, нурнување во синиот карипски рај.

Кариби! Дестинација од вашите соништа!

Ова лето, спремете ги едрата за дестинацијата од вашите соништа. Откријте ги тиркизните води на Карибите и белите плажи како од рајот со Davidoff Cool Water Caribbean Summer Edition.