- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Иновативни и висококвалитетни производи кои ги пратат најновите трендови, мејкап производите на Catrice претставуваат комбинација од убавина и мода. Инспирирани од колекциите на светските модни писти, Catrice презентира must–have производи за вашиот козметички несесер. Catrice со своите хит мејкап производи успешно се вклопи во мејкап трендовите за ова лето.

Популарниот мејкап тренд Dewy, сега многу лесно може да го постигнете со новите Catrice производи. Холограмски, призматичен, мокар, природен сјај, тренди изглед… Новите Catrice производи обезбедуваат повеќекратни ефекти.

Холограмски ефект на усните!

Спектакуларниот ефект на 3D илузија на усните се постигнува со неверојатно прелевање на бои и дисперзија на светлината. За таа намена Catrice нуди извонредни холограмски мејкап производи за призматичен ефект:

Catrice Prisma Lip Glaze сјај за усни!

Prisma Lip Glaze – сјај за усни со средна покривност кој може да се користи самостојно како сјај за усни или во комбинација со кармин нанесен како основа на усните. Холограмскиот сјај за усни најдобро е да се користи како завршен слој над кармин за призматичен, холограмски и необичен изглед на усните.

- Реклама -

Catrice Prisma Chrome кармин за усни!

Prisma Chrome – холограмски кармин за усни. Идеален мејкап производ за постигнување на призматичен метал ефект со гламурозен изглед на вашите усни. Карминот нуди комбинација на кремаста текстура и совршена покривност само со едно нанесување. Достапен е во 6 нијанси за совршен мејкап изглед.

Catrice Spectra Light трио сенки за очи!

Spectra Light – гламурозно трио кое содржи хајлајтер сенки за истакнување на очите. Една сенка е со метал ефект, а две сенки се со холограмски ефекти за шминка на очи со дополнителен сјај. Има избор на две комбинации на нијанси: една со светла нијанса на праска, а другата со ладна пастелна нане нијанса.

Catrice Spectra Light Effect лак за нокти!

Spectra Light Effect – лак за нокти кој со различните и уникатни ефекти го претвораат овој лак во must- have производ. Холограмски и дуо хром финиш во комбинација со долготрајна формула и висок сјај, едноставно неодоливи. Catrice лаковите се достапни во пет уникатни нијанси.

Catrice Dewy Wetlook стик!

Dewy Wetlook Stick – безбоен сјаен стик кој содржи пигменти кои ја рефлектираат светлината постигнувајќи спектакуларен 3D ефект. Catrice стикот е идеална мејкап алатка за постигнување на тренди Dewy мејкап изгледот.

Catrice Galactic хајлајтер капки!

Galactic Highlighter – капки со нежно розова нијанса кои содржат пигменти кои ја рефлектираат светлината. Течниот  хајлајтер од Catrice може да се нанесе како подлога или над течна пудра.  За постигнување на необични мејкап ефекти може да се нанесе и во делот под веѓите и на деколтето.