Алхемија на неодоливи ноти кои танцуваат, возбудуваат и обземаат!

Летото 2016 година, модниот бренд Versace го лансира Dylan Blue, новото издание на Versace Pour Homme машката линија на мириси, со модерна ароматична композиција. Модната куќа Versace на почетокот на Март 2018 година се очекува да го промовира неговиот женски еквивалент, Versace Dylan Blue Pour Femme.

Dylan Blue Pour Femme е мојата почит кон женственоста!

Donatella Versace изјави:

“Dylan Blue Pour Femme е мојата почит кон женственоста. Затоа создадов силен, сензуален, но префинет мирис за жена која ја познава сопствената моќ”.

Oдраз на единственост, сила, сензуалност и елеганција!

Цветно, овошна, дрвенеста композиција, замислена како одраз на единственост, сила, сензуалност и елеганција, претставени во горните, средните и базните мирисни ноти.

“Единственоста” е прикажана со свежите овошни акорди на горните мирисни ноти, “Силата” е претставена со модерен цветен букет, со ледени акценти, имагинарни цветови со изразита долготрајност во срцето на мирисот, додека “Сензуалноста и Елеганцијата” се прикажани како дрвенести базни мирисни ноти испреплетени со акорди на смола.

Алхемија на неодоливи ноти кои танцуваат, возбудуваат и обземаат. Создавањето на ова мирисно чудо е потпишано од Calice Becker.

Шишето ја разубавува скапоцената содржина!

Иновативниот дизајн на шишето со елегантни облини ја евоцира грчката култура и митологија потсетувајќи на керамичка амфора, додека бојата е интензивна како Средоземното Море, длабоко сина, силна и мистериозна. Златните детали и медузата како симбол се мост помеѓу минатото и сегашноста, ја разубавуваат скапоцената содржина.

Новата рекламна кампања е снимена од Bruce Web со манекенката Faretta како главен актер на постерите и видео спотот.

Versace Pour Femme Дилан Blue ќе биде достапен како 30, 50 и 100 ml Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *