- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веќе неколку години по ред трендот наречен балерина нокти е еден од најпопуларните маникири во кралството на ноктите. Некои сакаат природни, некои овални, а некои со остар изглед на бадем…

Како во морето на маникир форми да го изберете најдобриот облик за себе?

Грижата за ноктите и лакирањето на ноктите е само еден сегмент од негата, но што е со најкомплексниот дел што директно го одредува изгледот и убавината на вашите раце? Од обликот дефинитивно зависи дали прстите ќе изгледаат пократко или подолго! Затоа, при следната посета во салон за убавина не треба да се двоумите да се консултирате со стручно лице.

Ако ви се допаѓаат долги нокти, многу е веројатно дека овој стил веќе сте го испробале. Но ако не сте, можеби сега е вистинско време да ја разгледате оваа можност.

- Реклама -

Балерина стил!

Балерина стилот стана популарен кога социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од маникирот на американската ријали ѕвездата Kylie Jenner. Асоцијацијата за името повеќе од се е јасна – неодоливо личат на обувки за балет! Некои ги нарекуваат „coffin nails“, односно ковчег нокти! Покрај тоа што може да се согласиме дека изгледаат како ковчег, ова непријатно име нема да го користам, но затоа на општо задоволство ќе го задржам романтичното име: балерина.

balerina nokti

balerina nokti

Трендовите не служат за слепо да ги следиме!

Пред да се одлучите за изгледот на вашиот маникир, земете ја во предвид состојбата на вашите нокти, нивната природна форма и цврстина. Некои форми едноставно повеќе одговараат за одреден тип на плоча на ноктите, но исто така и за други специфичности на прстите и рацете.

Трендовите не служат за слепо да ги следиме, затоа пред да одлучите да одите во посета кај вашата козметичарка, обидете се сами да заклучите дали балерина изгледот на ноктите е совршено решение за вас.

balerina nokti

Балерина нокти – женствени и заводливи!

Оваа форма се постигнува слично како и кај острите нокти, со тоа што треба да се порамнат врвовите, а рабовите можат да бидат различни – тесни или широки во зависност од вашите желби. Се подразбира одредена должина на ноктите, а балерина стилот е одличен избор кога сакате да пробате нешто ново и различно. При изборот на лак за нокти, имајте на ум дека најдобро ќе одговараат оние со мат финиш. Што се однесува до бојата, црвени нокти сигурно ќе бидат полни погодок. Само внимавајте во никој случај не ја прескокнувајте базата за нокти.

Три за:

– Изгледаат уредно, многу се ефектни и никој не останува рамнодушен. Балерина формата на вашите нокти припаѓа на крајно женствени, заводливи форми на кои не може да им се одолее.

– Најдобро изгледаат на долга и тесна плоча на ноктите, како и на пократки прсти, но добро решение е дури и за широка плоча на ноктите.

– Формата особено е погодна за млади, автентични и креативни личности.

Три против:

– Оваа форма ги слабее ноктите, бара чести интервенции и задолжително треба да бидат засилени со гел или акрил, што ги прават тешки за одржување.

– Не се премногу практични, па во тој случај дури и оние кратките можат да бидат пожелно решение.

– Заборавете на nail-art, бидејќи секој цртеж на оваа форма ќе биде претеран, а можеби и кичест.