Што е банана пудра и зошто целиот свет полуде за неа?

Се зборува, сте слушнале, можеби сте ја пробале, но банана пудрата дефинитивно е најнов хит мејкап производ. Звучи вкусно? Уште подобро, многу е ефикасна! Не содржи банани, но оваа пудра името го доби поради нејзината специфична жолта боја.

Што е всушност банана пудрата?

Банана пудрата или како што се нарекува жолта пудра, всушност се користи како фиксатор или како некој вид на коректор или за апсорбција на вишокот маснотии од лицето. Затоа добро ја заменува или надополнува пудрата за мрсна кожа. За подобро да ја разберете нејзината функција, треба да знаете дека банана пудрата всушност ги соединува транспарентната пудра и компактната мат пудра, а на некој начин и пудрата за сетирање.

Зошто жолта?

Името на банана пудрата е добиено поради нејзината жолта боја. А зошто баш жолта боја на пудрата? Се смета дека жолтата боја добро ја просветлува кожата на лицето и ги покрива темните кругови или дамки околу очите.

Дали банана пудрата одговара на сите?

Факт е дека истата нијанса на жолта не одговара за сите. Исто така факт е дека банана пудрата не одговара на светол тен на лицето, затоа што ќе направи кожата да изгледа жолтеникаво. Не го посакувате тоа? Затоа, одберете банана пудра ако имате темен тен на кожата. Исто така, ќе бидете задоволни од банана пудрата ако ја вметнете во секојдневната мејкап рутина, ако имате мрсна кожа, бидејќи делува како пудра за мрсна кожа. Ако пред шминкањето добро го хидрирате вашето лице, слободно користете банана пудра, не треба да користите посебна компактна пудра за сува кожа.

Банана „печење“? Но, не во кујна!

Добро, знаеш за контурирање, знаеш стробинг… А дали знаеш за baking? Токму тука банана пудрата ја добива целосната смисла. Како се применува baking техниката? Кога ќе завршите со шминкањето, жолтата пудра со голема мека четка нанесете ја на пределот под очите и на брадата и оставете да одстои барем десет минути.

Еве што се постигнува со банана пудрата!

За тоа време вашата жолта пудра волшебно ќе делува:

1 Како мат пудра, ќе го матира и ќе ги апсорбира вишокот на маснотии,

2 Ќе ги просветли деловите на вашето лице кои треба да бидат осветлени, како што се темните  кругови под очите,

3 Ќе ви докаже дека функционира како фиксатор за шминка, бидејќи совршено се однесува како пудра за сетирање.

Значи, матира, просветлува и функционира како фиксатор. Прилично добро за една пудра?

Како да го отстраните вишокот?

Многу едноставно! Повторно големата и мека четка! Со нежен потег, отстранете го слојот на пудра под очите и лицето и ете, веќе си „печена“!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *