- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Косата во лето се наоѓа во „неволја“, во смисла дека и треба интензивна нега и регенерација на оштетените влакна. Сонцето, ветерот и морската сол редовно го прават своето, а со оштетувањето доаѓа до промена на бојата на косата, која особено ја забележуваат жените кои имаат рутина за боење на косата. Одење на фризер е задолжително, а први кои ќе посакаат да ја вратат косата во перфектна состојба сигурно се русокосите. Работата со нивната коса може да биде задоволство, но и предизвик, бидејќи не постојат две идентични русокоси за да се осмисли персонализирана нега која одговара на индивидуалните потреби на нивната коса, задача која си ја постави познатиот бренд на коса L’Oreal Professionnel.

Serie Expert Blondifier

Имајќи предвид дека русата коса повеќе се оштетува и дека има потреба од постојан сјај и подобрување на бојата, L’Oreal Professionnel дизајнира линија Serie Expert Blondifier, наменета за коса со прамени, осветлена и обоена руса коса. Оваа линија на производи ги неутрализира жолтите тонови и го нагласува сјајот на русата коса. Serie Expert Blondifier колекцијата всушност ја освежува и ја оживува русата коса без боење. Токму тоа е посебноста на оваа линија – како целосно професионална алатка, да ви овозможи совршена руса коса како од фризерски салон секој ден. Со користењето на Serie Expert Blondifier производите, дури ќе ги намалите посетите во фризерскиот салон за боење на косата.

- Реклама -

Што се вклучува Blondifier линијата?

Blondifier е линија на производи, но и услуги во фризерски салон, па затоа е поделена на производи кои ќе бидете во можност да ги испробате само преку рацете на експерти во фризерски салон, но и оние производи кои може да ги набавите и понесете со вас дома за да продолжите со нега на косата.

Третман – чекор по чекор!

Третманот започнува со Blondifier Cool шампон, неутрализирачки шампон за руса коса со ладен подтон, кој е со виолетови пигменти, боја која е совршено комплементарна за да ги неутрализира жолтите тонови. По шампонирањето, следи нега на косата. Постојат два производи за нега во Blondifier линијата, едниот е наменет за тенка, а вториот за густа коса. Сите три производи може да се набават за домашна нега и содржат acai полифеноли, антиоксиданси во екстракт на acai бобинки кој имаат важна улога во зацврстување на кутикулата на влакното. Тие заедно делуваат на заштита против оксидација на косата, овозможувајќи регенерација и постигнување на повеќе сјај.

Предноста на Blondifier негата во фризерски салон се Blondifier додатоците за професионална употреба во салон. Се работи за концентрирани обојувачи за персонализирање на апликацијата на Blondifier маската, која ги неутрализира несаканите тонови и ја нагласува сјајноста на бојата од фризерски салон. Постојат три додатоци: Cool Blonde (виолетов додаток против жолти тонови за ладни и светли руси нијанси), Sun Kissed Blonde (неутрализирачки син додаток за темно руси нијанси) и Warm Blonde (златен додаток за топли руси нијанси).

По сушењето на косата, третманот се завршува со Blonde Bestie хранлив спреј за коса, кој е најдобар пријател на секоја блондинка. Тој обезбедува заштита од ефектите на надворешно влијание, го дава чувството на елегантна и сјајна коса која изгледа здраво, но исто така тоа е производ кој како шампонот и маската, може да се набави за лична нега во вашиот фризерски салон.

Blondifier – еден експерт за илјадници блондинки!

Blondifier линија претставува еден експерт за илјадници блонд типови на коса, професионални производи кои може да се набават во сите овластени L’Oreal Professionnel фризерки салони.