- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ги одбројуваме деновите до крајот на 2018 година и додека ги средуваме впечатоците од светот на модата и убавината за оваа година, на вратата ни тропаат првите производи за убавина за Новата 2019 година.

Оваа година на бјути сцената, но исто така и во нашите бањи, донесе голем број на иновации и токму поради тоа ќе ја паметиме како многу возбудлива, но не постои сомнеж дека Новата година ќе донесе уште подобри производи, кои со нетрпение очекуваме да ги пробаме. Во 2018 година, испробавме голем број на напредни средства за чистење на кожата, лицето го негувавме со креми и маски со текстура на гел и желе и во мејкап светот императив беше да се создаде течна пудра која потрошувачите ќе ги воодушеви со својата покривна моќ и долготрајност, а во исто време ќе изгледа толку лесно и природно на кожата.

Новитети најавени за 2019 година кои во парфимериите ќе се продаваат од Јануари се движат во иста насока, но со уште подобри и понапредни формули. Убава и добро негувана кожа се чини дека никогаш не била во тренд како што е сега, а кои производи ќе не привлечат во Новата 2019 година, ќе дознаете подолу.

- Реклама -

Clinique iD Hydrating Jelly

Clinique во 2019 година продолжува со персонализирана рутина за нега на кожата. Clinique iD е custom made систем за хидратација на кожата и ќе биде најголемо лансирање на брендот во Новата година. Може да се избере помеѓу три навлажнувачки бази, во зависност од тоа колку влажност на кожата и треба, а вториот чекор е додавање на активни концентрати во формулата, каде што секој од петте делува на одредена, специфична потреба на вашата кожа. Богато-хидриран и сјаен тен е целта кон која се стреми.

Clinique iD Hydrating Jelly

Chanel Baume Essentiel Multi-Use Glow Stick

Новиот мејкап производ од Chanel првпат беше претставен на модната ревија на брендот за сезоната пролет 2019, а наскоро овој производ ќе блесне во парфимериите. Се работи за мултифункционален балсам кој дава транспарентен сјај на кожата и со него може да постигнете glass-skin ефект, тренд кој е многу популарен во Кореја. Може да се користи на усните, образите и очите, како хајлајтер или контури на лицето, во зависност од нијансата што ќе ја изберете.

Chanel Baume Essentiel Multi-Use Glow Stick

Maybelline New York Snapscara

Snapscara е нова маскара на познатиот бренд Maybelline која ветува многу. Има тенки, фини и флексибилни пигменти кои ги обвиткуваат трепките со боја и им даваат супер сјаен изглед, но во исто време волумен и издолжување. Формулата не содржи восок, така што маскарата лесно се мие со вода.

Maybelline New York Snapscara

Bobbi Brown Crushed Liquid Lip

Bobbi Brown изминатата година напорно работеше на своите кармини за усни и презентираше многу возбудливи новитети. По кармините Crushed Lip Color, доаѓа нивната течна верзија. Кремаста и хидрантна како балсам, но богата со пигменти кои на усните им даваат интензивен слој на боја. Финишот е лесно сјаен, а 14-те достапни нијанси ќе се движат од неутрални до живописни бои.

Bobbi Brown Crushed Liquid Lip

Dior Lip Glow To The Max

Луксузни и супер-негувачки балсами за усни станаа специјалност на брендот Dior. За нив уште повеќе ќе посегнуваме кога ќе се појави овој шарен и прекрасен Color Reviver Balm. За разлика од претходните балсами на Dior, овој носи уште подобра пигментација на усните.

Dior Lip Glow To The Max