- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пред речиси 10 години, од пазарот беше повлечена Hyper Real Foundation течната пудра од брендот MAC Cosmetics и оттогаш голем број на мејкап артисти со нетрпение го посакуваа нејзиното враќање на бјути сцената. Тој момент се случи ова лето и малку е да се каже дека  предизвика големо воодушевување кај бјути заедницата, кога Hyper Real Foundation пудрата се врати како дел од MAC Supreme Beam колекцијата за лето 2018 година. Но, зошто толку голема “возбуда” и која е вистинската приказна која стои зад оваа течна пудра?

MAC Hyper Real Foundation

Да почнеме со фактот дека ова не е класична течна пудра за лице што сме навикнати да ја користиме. Подобро кажано, Hyper Real Foundation е хибрид помеѓу течна пудра и хајлајтер. Таа, всушност е течна пудра која го осветлува лицето на неверојатен начин. Вреди да се истакне дека на лицето му дава лесна покривност, а акцентот многу повеќе е ставен на сјајот што го дава на кожата, него на прикривање на несовршеностите. Сепак, ова не значи дека оваа течна пудра не може да се измеша со неколку капки коректор или некоја друга течна пудра ако посакате поголема покривност.

Мејкап финиш за префинет бисерен сјај!

Постојат вкупно четири нијанси на располагање меѓу кои можете да изберете: Bronze, Gold FX, Rose Gold FX и Violet, од кои секоја од нив на кожата и го дава оној “boost” што му недостасува и ја прави кожата посветла и сјајна. Финишот што го остава на кожата на лицето може да се спореди со префинет бисерен сјај.

MAC Hyper Real Foundation пудрата е лесна како пердув и на лицето не остава никакво чувство за тежина, а ефектот на осветлување на лицето е целодневен.

- Реклама -

Ако на вашата кожа и треба пудра со лесна покривна моќ и сте опседнати со хајлајтерите, овој хибрид на течна пудра ќе биде вистински погодок за вас, но во комбинација со други производи за покривање на недостатоците на лицето може да ја направи уште посилна во моќта за маскирање на недостатоците.