- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

По големиот успех со лансирањето на мирисот White Tea придружен со колекција за нега на тело, Elizabeth Arden претставува две нови изданија како продолжение на оригиналниот White Tea, два мирис кои секој на свој начин го слави белиот чај и нуди софистицирана композиција. Новите мириси White Tea Wild Rose и White Tea Vanilla Orchid создаваат мирисна колекција со намера да се евоцираат различните чувства што ги доживуваме во моментите кои ги посветуваме на себе во брзата и динамична секојдневница.

Elizabeth Arden White Tea Wild Rose

White Tea Wild Rose ја подарува цветната суштина збогатена со арома на бел чај. Секојдневни мали, но многу важни работи што не радуваат го прават вашиот живот побогат и поубав, а новиот мирис White Tea Wild Rose се обидува да го долови и да го пренесе мирисот на дивите рози на брегот на океанот. Сладоста на цвеќето се крева со свежина на ветерот – сензуален букет од рози, крунисани со цветови од круша, со смирувачка топлина и шепот на мошус.

Композиција од рози, крунисана со цвет од круша!

Композицијата се отвора со ноти на бел чај, клучната состојка на колекцијата, која измешана со цвет од круша, црвена рибизла и акорд на palmarosa. Во срцето, цветни букет на турски и бугарски рози, во комбинација со софистициран божур и мускатна жалфија, а основата е исткаена од мошус, тонка и килибар. Парфимерите кои ја создадоа креацијата се Guillaume Flavigny и Rodrigo Flores-Roux.

- Реклама -

Elizabeth Arden White Tea Vanilla Orchid

White Tea Vanilla Orchid го рефлектира завршувањето на денот, зајдисонцето и доаѓањето на студената ноќ. Романтичната светлина на свеќата ги стимулира сенките што танцуваат за време на темната ноќ. Чувство на топлина и удобност е присутна преку комбинацијата на ноти од чај, ванила, орхидеја и дрвенест мошус, создавајќи идилично бегство од динамиката на денот.

Композиција која го рефлектира завршувањето на денот!

Креаторот на парфемот Gil Clavien со високите ноти подарува блен на primofiore лимон, бергамот и дуња. Во срцето доминира бел чај, кој е во комбинација со гарденија, јасмин и орхидеи, а основата е направена од ambrette, корен од ирис, ванила, amberwood и мошус.

Reese Witherspoon – заштитно лице на колекцијата!

Американската глумица и филмски продуцент Reese Witherspoon се јавува како рекламно лице за Elizabeth Arden White Tea мирисната колекција.

White Tea Wild Rose и White Tea Vanilla Orchid доаѓаат во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како  Eau de Toilette.