Дали знаете кои кармини ќе се носат во 2019 година?

Минатата 2018-та беше многу возбудлива година во однос на големиот број на иновации кои оставија забележлива трага во индустријата за убавина, но за 2019 година се најавуваа дека ќе биде уште поспектакуларна во однос на производите за убавина кои доаѓаат на пазарот. За сè што е ново, невидено и непознато, секогаш се радуваме и сакаме да ги пробаме новите трендови за убавина што доаѓаат како производи за нега на кожата или производи од мејкап сегментот.

Особено големо внимание секоја година предизвикуваат новите трендови во светот на кармините, бидејќи карминот е онаа точка во секој мејкап изглед, кој често ја зазема улогата како важен моден додаток што го прави целосен вашиот изглед. Црвените усни се симбол за себе, но неколку сезони наназад доминираа нуд нијансите на кармини. Се дружевме многу со мат кармини, потоа со течни кармини кои на усните се постојани како тетоважи – цел ден, а што ни носи 2019 година и кои се топ 3 трендовите за кои најмногу ќе читаме, но и најмногу ќе ги носиме, прочитајте во продолжение.

Блескави-глитер кармини!

Можеби ви изгледа дека кармините со блескави честички се резервирани исклучиво за сезоната на празници, но многу мејкап брендови во Новата година ќе се обидат да ве убедат поинаку. Блескавите-глитер усни беа навистина голем тренд на модните писти за сезоната пролет 2019 година и овие кармини деновиве доаѓаат во парфимериите, што значи дека дефинитивно ќе се носат. Повеќето мејкап брендови непосредно пред Нова година го објавија лансирањето на своите сочни блескави кармини, кои суптилно сјаат на светлина и даваат заводлив впечаток на целиот мејкап изглед.

Huda Beauty Power Bullet Metallic Lipstick

Винилни кармини!

Сјајот на винилот не е толкава новина во светот на убавината, но овој тренд повторно се враќа во нашите животи. Многу сјајни, лакирани усни ќе бидат одлична најава за оваа пролет, а особено внимание ќе привлече комбинацијата со безвременската црвена боја. Црвените винилни кармини се најдобрите претставници на овој тренд, затоа барате класична црвена нијанса со сјајна завршница. Можеби најдобриот избор ќе биде течен кармин кој е богат со пигменти и во еден чекор ги претвора усните во најбрилијантна црвена боја со сјај.

Yves Saint Laurent Vinyl Cream Lip Stain

Усни во боја на корал!

Коралната боја е прогласена за боја на годината и беше прашање на време кога таа нијанса како тренд се заживее во светот на модата, убавината, начинот на живот… Не требаше долго да се чека за коралниот кармин да биде прогласен за „it“ нијанса за потоплите денови, што прилично не прави среќни, бидејќи оваа боја носи освежувачка доза во секој мејкап изглед. Од високите мејкап брендови до брендовите со прифатливи цени, сите веќе се подготвени со твојата совршена корална нијанса.

Maybelline Colorsensational Pearls Lipcolor Coral Gleam

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *