Да или можеби: вештачки трепки во боја!

Маскарите во боја се појавија во далечните шеесетти години од минатиот век и претставуваа апсолутна револуција во светот на шминката. Боените трепки беа симбол на слободата и сосема очекувано, ги прославија припадничките на хипи движењето, познати како „деца на цвеќето“. Од тогаш, до денес се променија многу работи, но впечатливо обоените трепки имаа свои „моменти“ во секоја деценија, а за чудо повторно „воскресна“! Со брзина на светлината, уште еден бјути тренд се појави во социјалните мрежи и успеа за загосподари на Instagram сцената и модните писти. Само овој пат, се отиде чекор понапред, па наместо маскари во боја, на профилите на светските убавици гледаме вештачки трепки во боја!

Жолти, портокалови, зелени, неонски!

Колку и да се разликуваат едни од други, сите мејкап изгледи вообичаено имаат едно правило – трепките мора да бидат нагласени! Колку и да е остатокот од шминка направен совршено, сите напори ќе бидат залудни, ако трепките не се густи и долги. Без разлика на тоа дали се работи за посебни, свечени прилики или вообичаено излегување, жените на сите начини се обидуваат да ги направат своите очи поголеми, поубави и впечатливи. Црна, кафена и сина маскара е класика, а денес може да најде цел спектар од бои: од виолетова и розова, преку зелена, до портокалова и жолта боја!

Токму кога помисливме дека видовме сè што може да се види, светските трендсетерки ни претставија цел колорит на вештачки трепки. Можат да се набават на „парче“ (во само една боја), или комплет во неколку различни бои кои можете да ги комбинирате во согласност со вашите желби. Ако, не ви недостасува креативност, тогаш нема граници, па вештачките трепки во боја можат да се комбинираат на безброј начини!

Животот не е Instagram!

Новиот тренд навистина изгледа живописно и ефективно на фотографиите, но животот не е Instagram и тука настанува главниот проблем. Покрај тоа што овој тренд мора да се прилагоди со годините, ако не сте на распуст, одмор или на музички фестивал, внимателно размислете дали вреди да се носи овој мејкап тренд само затоа што е голем хит на социјалните мрежи?

Пресуда – вештачки трепки во боја да или не?

На овие прашања можеби не е лесно да се одговори… Од една страна, надградбата на трепките заштедува време и гарантира секси поглед од утро до ноќ. Од друга страна, замислите да се будите секој ден со шарени трепки – во нијанси на камелеон и одите во продавница, во банка, на доктор или во автобус и ќе бидете цел на зачудени погледи. А да не зборуваме за тоа дека вештачките трепки, а со тоа и трепките во боја, кај чувствителните очи може да предизвикаат иритација и засилено опаѓање на природните трепки.

Компромисно решение за општо задоволство!

Ако веќе сакате да пробате интензивни пигменти на трепките, најбезбедна и најдобра опција за вас е маскара за волумен, секако во боја. Попрецизно, најдобра е онаа маскара која ќе ги направи трепките да изгледаат погусти и подолги, а со малку вежба, на вашите капаци ќе создавате вистински ремек-дела! Прво нанесете база за маскара, потоа со прецизни движења распоредете ги боите онака како што сакате. На коренот на трепките може да нанесете една боја, а на врвовите друга боја, или да ги менувате боите по должината на трепките…

Можностите се бескрајни и што е најдобро од се, ако не сте задоволни со изгледот, само еден допир на козметичкиот туфер, отстранувањето на шминка ќе ги реши сите проблеми. Но, ако го добивте токму посакуваниот мејкап изглед, земете виткач за трепки, „отворете“ го погледот и ставете точка на постигнатото совршенство!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *