Девојки, ова е вашето тајно „оружје“! Течна пудра со најдобра целосна покривност досега?!

Dermacol Film Studio Make-Up Cover!

Девојки! Во исчекување на празниците кои претстојат, посакувате беспрекорен изглед на лицето и покрај големиот замор од непроспиените ноќи?

Но, најчесто кожата на вашето лице е уморна, се појавуваат темни дамки и кругови околу очите, кожата не ја чувствуваш најдобро!

Дали постои?

Течна пудра што обезбедува екстремна покривност, за сите типови кожа, хипоалергена, без конзерванси, водоотпорна, со заштитен фактор од сонце SPF30, што содржи 50% пигменти и создава сатенски мат изглед со целосна покривност на акни, модринки, тетоважи, темни дамки и несовршености на кожата.

Ох, веројатно сакате да знаете за која течна пудра мислам, зарем не?

Производот за кој станува збор е течната пудра Dermacol Film Studio Make-Up Cover!

Клинички тестираната со екстремна покривна моќ Make-Up Cover беше создадена како прва од ваков вид во Европа и една од првите во светот. Лиценцата за оваа пудра на крајот беше продадена во Холивуд. Таа е со екстремна пигментација, што ја прави ефикасно оружје против несовршености на кожата. Make-Up Cover обезбедува перфектна покривност дури и во тенки слоеви и е совршен коректор за темните кругови околу очите и флеките на кожата. Целосно ги покрива акните, губењето пигментација, пост хируршки лузни, тетоважи. Може да се користи на целото лице или тело за корекција на бојата, потемнување или осветлување на бојата на кожата и обезбедување на идеален баланс. Широко се користи како професионална шминка за фото сеанси или филмски снимања, моделирање и за празнични прилики.

Во мејкап круговите се тврди дека Dermacol Make-Up Cover е Светиот Грал меѓу пудрите.

Но дали ова е само добро смислен маркетинг!!!

Фактот што дури и не ја нарекуваат течна пудра, туку cover треба да ви биде првиот знак за тоа што следи…

Пакување?

Оваа пудра доаѓа во кутија со впечатлив златен холограм на позадината, а внатре се наоѓа златна метална запечатена туба која може да се отвори со користење на задниот дел од капачето. Пудрата не доаѓа  во шише како кај повеќето други производители, што ми беше малку чудно. Всушност тубата не ми се допаѓа!

Пудрата?

Кога првпат ја пробав пудрата, малку бев несигурна пред да почнам да ја применувам. Се прашував? Дали ќе ми користи мене? Дали е за секојдневна употреба? Дали е премногу тешка за мојата кожа?

Како и да е, кога ја притиснав пудрата излезе кремаста текстура, мислам навистина кремаста, најгустата текстура што некогаш сум ја видела кај течните пудри! Тоа го отежнуваше одредувањето колку ќе биде потребно да се нанесе на моето лице. Пудрата би требало да биде со голема покривност, па затоа се обидував да не ставам премногу за да го видам резултатот. Пигментацијата е многу екстремна и потребна е само една капка за целосна покривност на лицето, што е сосема извонредно!

Од понудената палета на нијанси за моето лице 211 беше совршена. Најдов најдобар начин како да ја нанесувам, а тоа е со влажно сунѓерче. Таа ги покри црвенилото и темни дамки, а исто така е одлична за прикривање на уморни очи!

Често ја носев пудрата неколку дена, бев толку импресионирана и чувствував како да станува подобра и подобра во текот на денот без да изгледа тешко и да изгледа како кожа. Тоа е навистина тешко да се најде!

За ноќно излегување пудрата го покажа својот вистински изглед. Се постави со мат финиш, додека остава мал природен сјај. Сепак, јас би предложила да одвоите време и да се осигурете дека пудрата правилно сте ја блендирале, бидејќи има потенцијал да изгледа како „торта“.

Поради екстремната покривност, оваа пудра може да ги затвори порите на вашето лице ако не се отстрани темелно. Препорачувам да имате темелно чистење, пилинг на вашето лице за комплетно отстранување на шминката.

Резиме!

Генерално, високо ја препорачувам Dermacol Make-Up Cover, замислувајќи како оваа пудра навистина може да подигне нечија самодоверба, особено ако се чувствуваат самосвесни за нивната кожа или за било каква лузна.

Бидете свесни за фалсификати!

Едно последно нешто! Бидете свесни за фалсификати. Поради популарноста на пудрата Dermacol Make-Up Cover, постојат голем број трговци кои продаваат фалсификувани производи.

Се надевам дека уживавте во овој преглед на пудрата и сметам дека ќе ви користи!

Девојки, ова е вашето тајно „оружје“…

2 thoughts on “Девојки, ова е вашето тајно „оружје“! Течна пудра со најдобра целосна покривност досега?!

    • 08.01.19 at 14:25
      Permalink

      Здраво,
      Интернет порталот Убавина за сите – слатки ритуали е првиот сајт во Македонија што во фокусот на интерес ја има козметиката. Текстовите што ги објавувам на сајтот се од информативен карактер. Не вршиме продажба на артиклите за кои пишувам.
      Конкретно за Dermacol течната пудра може да ја набавите во подобро снабдените парфимерии во вашиот град. Јас мојата ја набавив од Еликсир Ексклузив, со промотивна цена со 20% попуст, од редовна цена.
      Се надевам дека ви се допаднаа текстовите и посакувам да го пратите мојот сајт, следуваат уште многу изненадувања.
      Поздрав Маја

      Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *