ЕДНА ГОДИНА КОЗМЕТИЧКИ И МИРИСНИ БОГАТСТВА ВО ЛУКСУЗНАТА ПАРФИМЕРИЈА АНАБЕЛА МЕРИОТ

На 7 јули минатата година се отвори најлуксузната парфимерија во Македонија Анабела Мериот.

Светските козметички брендови на едно место!

Во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија, во рамките на хотелот Мериот, воочлива и лесно пристапна, сместена е парфимеријата Анабела Мериот во која можете да ги најдете светските козметички брендови како оној на незаменливиот и единствен Tom Ford, но и најголемиот избор на Niche брендови во Македонија и регионот, од кои ги издвојуваме: Amouage, Bond NO.9, Escentric Molecules, Houbigant, Nasomatto и други, како и докажаните брендови: Estee Lauder, Clinique, Trussardi, Burberry, Bvlgari и Versace.

La Mer – единствено во Анабела Мериот!

Новитет кој што може да се најде единствено во Анабела Мериот е легендарната козметика La Mer.

Една година исполнета со многу промоции и проекти на луксузните брендови застапени во Анабела, што е доказ за успехот во изминатите 365 дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *