ЕСЕНЦИЈАЛНО-СЕНЗУАЛЕН! Chloé Love Story Eau Sensuelle

Chloé Love Story Eau Sensuelle е третиот по ред мирис од Chloé Love Story линијата, која го вклучува Love Story парфемот од 2014 година и тоалетната вода од 2016 година.

Инспириран од Париската романтика!

Chloé Love Story Eau Sensuelle е инспириран од Париската романтика и љубовните катанци на мостот Pont des Arts.

Креиран од страна на Anne Flipo и Domitille Bertier

Есенцијално-сензуален, Love Story Eau Sensuelle е креиран од страна на Anne Flipo, која се потпишува и во претходните изданија и Domitille Bertier.

Нови страни на главната состојка на линијата – цвет од портокал!

Композицијата на Love Story Eau Sensuelle открива нови страни на главната состојка на линијата – цветот од портокал.

Цветот од портокал е сладок и романтичен, помешан со ванила карактерот на хелиотроп и кадифениот скоро млечен акорд на сандалово дрво. Во горните ноти доминираат Примафиоре лимонот, крушка, цветови од портокал и јузу. Срцевината е составена од хелиотроп и цвет маракуја, додека основата е мешавина од сандалово дрво, мошус, кедар и килибар.

Clémence Poésy заштитно лице на парфемот!

Заштитното лице на кампањата е француската глумица Clémence Poésy.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *