ЕХО НА КУЛТНА РОМАНСА! СЛАВЕЊЕ НА ИНТЕНЗИВНОСТА! Obsessed Intense Calvin Klein

Во 1993 година, Obsession Calvin Klein достигна култен статус кога Kate Moss стана заштитно лице на парфемот, заедно со кампањата која ја сними нејзиниот тогашен дечко, познатиот фотограф Mario Sorrenti. Преку фотографиите кои беа направени за кампањата, може да се види опсесијата и љубовта помеѓу фотографот и неговата муза.

Приказната се развива понатаму! Obsessed Intense Calvin Klein

Во 2017 година, нов бран фотографии од кампањата на Sorrenti и Moss за Obsession Calvin Klein, беше објавен за лансирањето на Obsessed Calvin Klein, а денес Obsessed Intense Calvin Klein ја развива понатаму оваа приказна, овој пат славејќи ја топлината и интензитетот на едно взаемно процутување на прва љубов.

Култен. Сензуален. Моќен. Инстинктивен.

Obsessed Intense Calvin Klein е подлабоко истражување на приказната за поранешна љубов и романса. Неврзани со традиционалната структура на машки и женски мириси, овие два мириси не знаат за правила. Родовите се претопени, со традиционалните мириси на мажествениот fougère- посебна белата лаванда, искористена за женскиот мирис, додека машкиот мирис е повеќе наклонет кон темна ванила.

За Obsessed Intense Calvin Klein, спомените за заљубеноста се разоткриени со додавање на топлината на килибарот и повисоката концентрација на масла, со цел да се евоцира приближно реално чувство на сензуалност.

Obsessed Intense Calvin Klein женски мирис

Obsessed Eau de Parfum Intense for Women претставува женска интерпретација на ориентална лаванда, интензивирана со течен килибар.

Obsessed Intense Calvin Klein машки мирис

Obsessed Eau de Parfum Intense for Men е мажествена интерпретација од ванила, интензивирана со црн килибар.

Шишенца!

Бидејќи Obsessed Calvin Klein беше чист, бел, Obsessed Intense Calvin Klein е токму спротивното: шишенцата се чисти, минималистички, но обоени во црна нијанса, портретирајќи ја интензивноста на мирисите, а истовремено потсетувајќи на сензуалноста на оригиналниот Obsessesion Calvin Klein.

Кампања: црно-бела колекција од полароиди, претходно никогаш видени!

Рекламната кампања за Obsessed Intense Calvin Klein прикажува црно-бела колекција од полароиди, претходно никогаш видени фотографии од сесијата на Kate и Mario од 1993 година за Obsession Calvin Klein, расфрлани околу новите шишиња – заедно креирајќи дигитална фотографија. Фотографиите всушност го прикажуваат моментот на повторно преживување на спомените на Mario од неговата поранешна љубов – фотографија по фотографија, кои паѓаат на масата како поплава од спомени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *