Збогум на јапонското исцртување на веѓи – пристигна microfeathering!

Колку долго владее опседнатоста со совршени веѓи?

Дали некогаш сте се запрашале колку долго на бјути сцената владее опседнатоста со совршени веѓи? Две, три, десет или педесет години, што и да кажете нема да направите грешка! Веѓите се позиционирани на централниот дел од лицето, затоа тие ве прават ведри и токму од нивната форма зависи дали ќе се претставите во најдоброто можно издание. Трендовите се менуваат! Видовме се што може да се види: тенки и елегантни, премногу тенки и сосема неприродни, густи, а потоа се во круг…

Ако досега неуморно со пинцета сте ги отстранувале веѓите, веројатно сега осмислувате најдобар начин и техника за да ги надоместите, а јапонското исцртување на веѓите секако е нешто што сте го пробале досега или сте размислувале да го пробате.

Внимание, пристигна новата ѕвезда!

Јапонското исцртување на веѓи спаѓа во категоријата на полу-трајна шминка и подразбира прецизно исцртување на веѓите кои речиси е невозможно да се разликуваат од природните. Постои microblading техника, но главната разлика меѓу нив е во „сечилото“ со кое се изведува постапката. Во овој случај, влакненцата се уште потенки, а особено се зема во предвид нивната позиција, што ги прави уште поприродни.

Но, судејќи според Instagram профилите на најголемите светски ѕвезди, овие методи наскоро ќе станат минато, бидејќи грижата за вашите веѓи сега ја превзема microfeathering техниката!

Нежни и меки како пердув!

Колку исцртаните влакненца да личат на оние со кои сте родени, исто така премногу совршената форма на веѓите ќе ја негираат секоја приказна за нивниот природен изглед, бидејќи совршено и природно не одат заедно.

Наместо “острицата” која досега ја гледавме, подготвена да исцрта строги линии, feather или пердув техниката има за цел нешто сосема различно – нежни и меки како пердув, опуштени и навистина нешто најприродно досега!

Претходните методи вклучуваа пополнување на веѓите и прекривање на целата регија, што резултираше со полни веѓи, но microfeathering ги исполнува само оние најкритични делови, намерно оставајќи мали празнини. Густината во овој случај не е во преден план, козметичарот не следи шаблонот, само проценува каде да додаде некое влакно. Ништо не треба да биде пренагласено и предефинирано, бидејќи целта е да се симулира природниот раст на влакненцата за да се постигне веѓите да изгледаат софистицирано, едноставно и убаво. Кога ќе завршите, никој нема да може да ја забележи разликата помеѓу природните и нацртаните влакненца, особено што бојата се ускладува со нијансата на веѓата, а не со бојата на косата.

No-makeup ефект на шминка!

Помалку исцртани влакненца, намален интензитет на боја, пофини сечила… Ова се сите предности на техниката microfeathering која и покрај фактот дека спаѓа во полу-трајна шминка, поради крајниот ефект може да ја сместиме во категоријата „шминка без шминка“.

Но, за да бидете подобен кандидат за овој третман, во старт треба да имате повеќе природни влакна за да може да започнете со процесот. Ако вашите веѓи премногу се изретчени, сепак ќе треба да бидете задоволни со некои други методи.

Грижете се за вашето здравје, одберете исклучиво сертифицирани салони и стручен кадар за да избегнете најмала можност за инфекција. Не заборавајте дека третманот продолжува и по завршување на третманот и пред секое излегување надвор мора да нанесе дневен крем со висок УВ фактор на заштита за да се спречи избледувањето на бојата пред време. Со соодветно одржување, пигментот ќе трае околу една година.

Размислете двапати!

Како што веќе можевте да приметите, модата барем кога станува збор за веѓите, се менува многу брзо и понекогаш е тешко да се следи. Ако се одлучите за јапонско исцртување на веѓите, ќе имате совршено обликувани и максимално полни веѓи најмалку две до три години. Но, бидејќи трендовите многу брзо се менуваат и бараат нешто сосема различно, нежно и меко како пердув и природно, не би било лошо да размислите двапати пред да се одлучите за било која од горенаведените методи на разубавување.

Пробајте сами!

Ако природните веѓи се она што сега е модерно и не бара строго следење на формата и бојата, зошто сами не се обидете да го постигнете саканиот резултат со помош на стандардни мејкап  производи.

Со малку вежба можете да постигнете одлични резултати! За обликување на веѓите потребни се само молив за веѓи и сенка за веѓи, а пинцетата прескокнете ја колку што можете повеќе, но не и чешелот за веѓи. Повлекувајте тенки линии, обидувајќи да ја симулирате природната насока на раст на влакненцата, како и нивната боја, а сенката може да ви помогне да ги пополните оние поголеми празни површини. На крај вашето ремек-дело фиксирајте го со гел за веѓи. Не само што нема да морате да робувате на трендовите, ќе заштедите пари и ќе ги подобрите вашите вештини за шминка.

Доста причини за да се обидете!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *