Како изгледа идеален маникир за кратки нокти?

Многу жени сонуваат да имаат долги и убави нокти, кои дополнително доаѓаат до израз со софистициран маникир. Но, реалноста честопати е сосема поинаква! Тенки и кршливи нокти се чест проблем, како и навиката за гризење на ноктите која е доста распространета. Сонот за идеални нокти тогаш обично паѓа во водата, а некои жени целосно се откажуваат од нивното уредување и лакирање, честопати криејќи ги рацете од погледите.

Маникир идеален за кратки нокти!

Сепак, кратките нокти не треба да бидат маана, тоа ќе се обидам да ви го покажам со маникирите што ќе ви ги претставам подолу. Не занемарувајте ја грижата за ноктите, бидејќи подеднакво е важна како и кај долгите нокти. Редовно негување на кутикулите, турпијање на врвовите на ноктите и користење на креми за раце се некои од основите што треба да си ги дозволите за да ги направите кратките нокти да изгледаат убаво. Ако сакате природен маникир, кратките нокти може да ги исполирате, така што нивниот сјај ќе дојде до израз.

Кога веќе ја имате направено негата, подготвени сте за лакирање на ноктите. Кратките нокти одлично изгледаат во комбинација со неутрална црна, бела и беж боја, секако и со класично црвена, а може да си поиграте со пастелни нијанси. Не заборавајте на nail art, декорирајте ги вашите нокти со ефективен дизајн и сите погледи несомнено ќе бидат вперени во вашите раце и убаво негувани и декорирани кратки нокти.

Маникир во неутрални бои!

Класичен црвен маникир!

Маникир во повеќе бои!

Пастелен маникир!

Класичен маникир со декорација!

Nail Art!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *