Изберете лак за нокти според хороскопскиот знак!

Верувале или не, во ѕвездите е запишано кој лак за нокти одговара на кој хороскопски знак! Пронајдете ја вистинската нијанса за себе и откријте зошто таа нијанса совршено се вклопува со вашиот карактер.

Овен

Енергични, храбри и желни за успех. Родените во овој знак најчесто се одлучуваат за виолетови лакови. Со виолетовата боја, тие се чувствуваат како свој на свое – моќно и гламурозно. Сакаат спорт и брзо возење, затоа со нивниот авантуристички дух совршено се вклопуваат и црвени нокти, што уште повеќе ја нагласуваат нивната самодоверба и страстен карактер.

Бик

Амбициозните Бикови најчесто избираат зелена, бидејќи со неа постигнуваат успеси на работа. Тие добро се организирани, сакаат ред, љубезни се и нежни и својата суптилна страна често ја истакнуваат со розови лакови. Биковите тешко се одлучуваат на промени, па затоа нема да ги видите како експериментираат премногу. Тие имаат елегантен стил и секогаш се средени од глава до пети.

Близнаци

Љубопитни, весели и дружељубиви, Близнаците не се оптоваруваат со мали нешта и затоа избираат нијанси со кои нивниот експлозивен темперамент уште повеќе ќе дојде до израз. Најлошо сценарио кое Близнаците може да го замислат за себе е досадата, затоа не е чудо што често ја менуваат листата со омилени бои. Покрај светло портокалова која секогаш е вистински избор, со нивната силна личност одлично стои светло жолта нијанса.

Рак

Рацете на романтичните и сензуални Ракови најдобро ќе бидат украсени со сребрена нијанса на лак. Екстремно се женствени, креативни и енергични во изразувањето на емоции, без оглед дали изразуваат среќа или тага. Тие секогаш се спремни да преземат иницијатива и да се жртвуваат за другите. Во текот на животот тие исклучиво се водени од емоции и покрај сребрената тие често избираат сина нијанса на лак за нокти.

Лав

Заводливите Лавици, енергични и моќни, олицетворение се на оган и доминација. За нив, најдобри лакови за нокти се бронзените и златните, затоа што само овие две смели нијанси се вклопуваат на нивното величество! Понекогаш егоистични, тие често одат со главата низ ѕид, никогаш не се откажуваат и секогаш избираат екстремни опции. Доволна причина Лавиците на нивните нокти да носат бронзени и златни нијанси на лакови.

Девица

Црвениот лак за нокти е главен адут на секоја педантна Девица. Иако поради својот перфекционизам и самоконтрола често важат за ладни луѓе, црвената е во целосна согласност со нивниот вистински, но многу често скриен темперамент. Луѓето често ја злоупотребуваат нивната добрина, па не е чудно што Девиците на сите начини се обидуваат да ги маскираат своите емоции.

Вага

Тивки, елегантни, романтични и опуштени, тие сакаат работите секогаш да течат спонтано и без никаков притисок. Ѕвездите велат дека за Вагите идеални се nude нијанси на лакови за нокти, кои најдобро се вклопуваат со нивниот лежерен пристап кон животот. Освен бежовите  нијанси, тие не треба да бидат обесхрабрени да се одлучат за светло сина нијанса. Сепак, Вагата сака да остави впечаток врз околината, затоа светло сината ќе биде само еден начин да го оствари тоа.

Шкорпија

За нив не постои невозможно! Тие толку се енергични што во некои моменти изгледаат воинствено. Затоа, на ноктите претпочитаат интензивна розова со која сакаат да се претстават во нежно светло. Најстраствениот од сите хороскопски знаци, зрачи со сексипил и не робува на трендови. Покрај розовите лакови, често кај Шкоприите можат да се видат чоколадните нијанси на рацете.

Стрелец

Мистичноста е нивното второ име и поради тоа Стрелецот ужива во црни лакови. Без оглед на тоа што се многу позитивни, тие често имаат потреба со детали да ја нагласат својата блискост и тајност. Тие се искрени, практични и сакаат луксуз, но покрај црно, носат виолетови нијанси на ноктите. Стрелците целиот свој живот ги поместуваат своите граници и сакаат да ги менуваат своите стилови.

Јарец

Пресметливи и борбени, дамите од хороскопскиот знак Јарец, преферираат неутрални лакови, а особено им се допаѓа нијансата на песок. Прилично конзервативни, ладни и смирени, своите строги животни ставови ги пренесуваат дури и на ноктите, затоа освен неутрални бои често посегнуваат кон нијанси на сина боја. Нивниот темперамент може да биде непредвидлив, така што со нив не се знае на што си.

Водолија

Автентичната Водолија е родена бунтовничка. Таа обожава ново и необично, затоа лакот за нокти мора да биде впечатлив и исклучително неконвенционален. Во согласност со карактерот, обично се одлучуваат за неонски, флуоресцентни бои со кои дополнително сакаат да ја нагласат својата индивидуалност. Помирна варијанта за нив значи тиркизен лак.

Риба

Екстремно емоционални и сочувствителни, припадничките на хороскопскиот знак Риба се идеалисти кои живеат во сопствениот свет, светот на имагинација и размислување. Најдобар лак за нокти во нивниот случај се оние во боја на корал, како и сите нијанси на сива боја. Рибите се на самиот врв на листата на најубавите и најсофистицираните претставници на Хороскопот, а коралната нијанса на рацете им служи да ги потсети дека треба да се релаксираат и да уживаат во животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *