ИНСПИРИРАН ОД БРАЗИЛСКАТА ЏУНГЛА, ПЛАЖИТЕ И ОКЕАНОТ! Bvlgari Omnia Paraiba

Bvlgari Omnia Paraiba – Мирисното издание од колекција Omnia!

Bvlgari ни го претставува мирисното издание од колекција Omnia, лансирано во октомври 2015 година, мирисот Omnia Paraiba. Инспириран од бразилскиот полудраг камен Paraiba Tourmaline, познат по својата сино-зелена боја.

Егзотичен, цветно-овошен и дрвенест!

Мирисот Bvlgari Omnia Paraiba е егзотичен, цветно-овошен и дрвенест.

Креаторот на мирисот Alberto Morillas при неговото создавање се фокусира на мирисот на пасиофлората, инспириран од бразилската џунгла, плажите и океанот. Акордот на ликерот курасао, лимета, круша и маракуја, страсно ја отвораат мирисната композиција и ве водат до цветното срце на пасиофлората и бразилската гарденија. Базата на мирисот завршува со нотите на ветивер и какао.

Заштитното лице на мирисот е модел Edita Vilkeviciute. Bvlgari Omnia Paraiba достапен е во 25, 40 и 65ml како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *