Instagram профили на кои може да пронајдете инспирација за најдобар маникир!

За време на топлите летни месеци, со намалување на облеката, треба да имате на ум дека за некои делови од телото треба да посветите многу повеќе внимание, баш сега кога тие се во преден план. Затоа во текот на летото најголем интерес е за маникир и педикир, а наша задача е да се фокусираме на пронаоѓање на инспирација како ноктите максимално да ги прилагодиме со стилот.

Стилот е неизбежен при изборот на бојата на лаковите или понудените примероци што ќе ги аплицираме на ноктите. Некои постојано ќе бидат доследни на една палета на бои, додека други ќе бидат најсреќни со луди нијанси и насликани мотиви. Во секој случај, во потрага по добри идеи, Instagram е неисцрпен извор на инспирација и може да донесе по нешто за секого. За да ви го скратам времето за пребарување, избрав четири Instagram профили на кои секогаш го наоѓам токму она што го барам.

TROU DE LAPIN

Брендот за лакови Trou de Lapin е совршен за минималистички дизајни. Instagram профилот е од Кореја и секогаш е посветен на едноставни маникири во иновативни, но совршени нијанси. Понекогаш ќе си поиграат со боење на секој нокт во различна боја, но тоа ќе биде пригушено, координирано, така што изгледа беспрекорно, неприметно и иновативно.

A post shared by 토드라팡 (@troudelapin) on

 

A post shared by 토드라팡 (@troudelapin) on

 

A post shared by 토드라팡 (@troudelapin) on

 

A post shared by 토드라팡 (@troudelapin) on  

THE HANG EDIT

The Hang Edit е Instagram профил на Hang Nguyen козметичарка од Лос Анџелес. Таа е специјализирана за многу прецизни и богати со детали сликички на ноктите, од кои не ќе можете да поминете незабележано.

 

 

 

PAINBOX NAILS

Paintbox Nails е козметичко студио во Њујорк, кое е обожувано од сите трендсетери. Барате маникир што никој го нема, истражите го нивниот Instagram профил, особено нивниот популарен color block маникир.

A post shared by Paintbox (@paintboxnails) on

 

A post shared by Paintbox (@paintboxnails) on

 

A post shared by Paintbox (@paintboxnails) on

 

A post shared by Paintbox (@paintboxnails) on

OLIVE & JUNE

Olive & June исто така е козметичко студио со нагласок на нега на ноктите, со седиште во Калифорнија. Минималистички маникир или оној максимистички, можете да го пронајдете на нивниот профил. Ќе уживате во прегледот на нивните фотографии на Instagram.

A post shared by Olive & June (@oliveandjune) on

 

A post shared by Olive & June (@oliveandjune) on

 

A post shared by Olive & June (@oliveandjune) on

 

A post shared by Olive & June (@oliveandjune) on

 

A post shared by Olive & June (@oliveandjune) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *