Инфузија на добро расположение! Мирисно дуо Mexx Whenever Wherever

Модната куќа Mexx го претстави новото енергично парфемско дуо Mexx Whenever Wherever, кое пренесува оптимизмот и чувството на чиста среќа. Инфузија на добро расположение поклонета е на двете композиции во мешавина на состојки кои нудат енергија и свежина што ви е потребна за време на топлите летни денови.

Женската мирисна креација се заснова на мешавина од цвеќиња и овошја, додека машкиот мирис е бленд на цитруси со освежувачки растителни ноти.

Mexx Whenever Wherever For Her

Новиот женски мирис Mexx Whenever Wherever For Her дели позитивни вибрации од самото отворање на мирисот со свежи и слатки ноти од круша и мандарина во комбинација со бујно зеленило. Срцето на мирисот создава хармонија со зелените и крцкави ноти на рабарбара (rhubarb) во комбинација со цветови од јасмин и љубичици нагласени со mirabelle сливата. Базата на мирисот е цветно-овошно-зелена композиција со кедар, мошус и акорди од ванила.

Мирисот Mexx Whenever Wherever for Her е достапен во количини од 15, 30 и 50 мл, како Eau de Toilette.

  

Mexx Whenever Wherever For Him

Новиот машки мирис Mexx Whenever Wherever For Him ја слави свежината на кората од грејпфрут, сокови од лимон и јаболка во комбинација со лисја на бршлен. Срцето на мирисната композиција е ароматично, комбинирано со морска трева и смола од ела заедно освежени со водени ноти. Мирисниот траг што му дава длабочина и основа на зелен цитрусен бленд е составен од дабова мов, кашмир и пачули.

Мирисот Mexx Whenever Wherever for Him е достапен во шишенца од  30 и 50 мл, како Eau de Toilette.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *