Онаму каде митовите се родени и иднината е креирана! Mancera Paris

Mancera е француски бренд на парфеми кој е релативно нов на пазарот. Постои од 2008-ма година и во својата колекција брои над 60 уникатни мириси. Она што ги прави парфемите на Mancera уникатни и посебни се скапоцените и луксузни состојки, ретки и рафинирани материјали, инспирирани од Art Deco дизајните.

Најновото што францускиот бренд го нуди се два мириси создадени за незаборавни летни доживувања.

Ви ги претставувам новите Mancera парфеми: Precious Oud и Soleil D’Italie.

Precious Oud

Новиот Mancera Precious Oud мирис како рафинирана мандолина  ги ослободува зачинетите ноти на јасмин, бергамот, какао и кафе, оставајќи суптилни траги на виски и ванила на кожата.

Soleil D’Italie

Современ мирис инспириран од италијанско патување кое ги комбинира тоничните ноти на сончеви цитруси, со слатки ноти од мирис на роза, ветивер и килибар што води до водна хармонија на екстремна свежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *