- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако мејкап производите ги користите на дневна основа, многу е веројатно дека на секоја четка за шминка се имаат наталожено доста мејкап производи. Освен што не е хигиенски, друга последица е тоа што со таква четка не може да постигнете посакувана покривност и посакуван ефект. Решението е во правилно чистење на четките, а со тоа ќе добиете веднаш видливи резултати. Освен што ќе го добиете чувството дека четките се како нови, може да бидете сигурни дека со редовното чистење тие ќе траат со години.

Професионалните мејкап артисти ги откриваат своите тајни!

Со оглед на тоа што четките за шминкање се нивниот алат за секојдневна работа, мејкап артистите ги имаат најдобрите совети и најдобрите решенија за одржување на четките. Експертите тврдат дека четките најдобро е да се чистат еднаш по три до четири користења. Покрај тоа, тие знаат кои четки повеќе се склони кон развивање на бактерии. Имено, четките кои се изложени на кремасти производи имаат подобра подлога за развивање на различни бактерии од оние кои се користат за производи во прав.

- Реклама -

За чистење, неопходно е да се потопи четката неколку минути во топла вода. Пред миење, четките треба да се исчистат со специјален сапун за чистење на козметички четки, но може да помогне и обичен бебешки шампон. Ако имате време, на четките може да додадете малку регенератор за коса и потоа повторно да ги исплакнете. Експертите наведуваат дека оваа постапка треба да се повторува се додека четките не се целосно исчистени, односно без остатоци од пудра и други мејкап производи. И последно, но не и најмалку важно – помириснете ја четката! Ако мирисот е необичен, дури и после чистењето мириса на мувла, време е за нова козметичка четка!