Кожата никогаш подобро не мирисала како со оваа посакувана крема!

Ладните денови се поблиску, а со нив потребата за многу посилна и подобра хидратација на кожата. Наоѓањето на најдобрата крема со која постојано ќе го негуваме телото никогаш не е лесна задача, но жените кои еднаш се обиделе со Elizabeth Arden Green Tea Honey Drops Body Cream нивната потрага одамна заврши. Овој крем за тело има голем број фанови и верните купувачи секогаш одново го набавуваат кога ќе се потроши претходниот. Има многу причини за неговото обожавање, а за Elizabeth Arden, линија Green Tea од 1999 година убедливо е најпродавана крема во светот од било која друга што во меѓувреме е претставена.

Зошто е обожавана Green Tea Honey Drops?

На прво место дефинитивно е нејзиниот неодолив мирис. Богат и интензивен, но никогаш не нападен. Мирис создаден да стимулира, освежува и да го подигне расположението. Во горните мирисни ноти доминираат цитрусите, во срцето на кремот зелен чај, а во основата мошус и килибар. Композицијата на мирисот содржи дури и капки мед и откако ќе го нанесете на кожата ќе се чувствувате посебно. Кремот прекрасно се впива во кожата и остава прекрасен мирисен траг каде и да одите. Мирисот ќе се впие и во облеката што ја носите, а на кожата ќе се чувствува цел ден. За многу жени нанесувањето на овој крем после туширањето е омилен ритуал за убавина.

Green Tea Honey Drops кремот има негувачки карактер, бидејќи многу е хидрантен и помага да се смири и негува сувата кожа, но може да се користи на сите типови на кожа и резултатите се подеднакво добри. Од летнен фаворит несомнено ќе стане омилен крем за есенските и зимските денови, а овој бестселер од Elizabeth Arden може да го набавите во пакување од 500мл што ќе ви трае долго време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *