Кои се најпопуларните нијасни на MAC кармини!

MAC е еден од омилените брендови за шминка. Секоја нова сезона носи повеќе нови изненадувања и производи во рамките на MAC колекцијата, но исто така познатите и сакани класици се оние кои секогаш се издвојуваат на полиците во MAC продавниците. Од пудра, како почетокот на секој мејкап изглед до фиксатор во спреј како завршен печат, брендот MAC има цела колекција на класици, на кои со години им се восхитуваат бјути инсајдерите и љубителите на високо-квалитетни мејкап производи.

Кармини кои го носат статусот на бјути класици!

Меѓу омилените MAC производи, како најпопуларни се издвојуваат кармините. Од одлична формула до култни нијанси како Ruby Woo и Velvet Teddy, MAC кармините со право го носат статусот на бјути класици.

Кармини кои во неколку потези создаваат впечатлив мејкап изглед!

Меѓу MAC кармините многу бјути фанови го имаат пронајдено совршениот секојдневен кармин, но, исто така оној посебен кармин кој во неколку потези создава впечатлив мејкап изглед. Со различни формули кои се движат од кремасти кармини и оние со сјајни честички, до омилените кармини со мат ефект, MAC носи раскошна палета на нијанси кои се издвојуваат како неопходен додаток на секоја мејкап колекција.

Најпопуларни нијанси на MAC кармини!

Низ годините, во рамките на раскошните понуди на MAC кармини, се истакнаа разновидни нијанси кои денес го носат статусот на класици во светот на шминката. Меѓу најпопуларните MAC нијанси се издвојуваат неколку неутрални и неколку црвени нијанси за кои сигурно сте слушнале. Velvet Teddy е нуд нијанса со нежен корален подтон, додека Whirl е нешто потемна нуд нијанса со нагласен розов подтон.

Покрај омилените нуд кармини, палета на MAC исто така има неколку омилени фаворити во црвени нијанси. Lady Danger носи интензивна црвена боја со портокалов подтон, Ruby Woo е еден од најпознатите црвени кармини во светот, нијанса во која многу жени го пронајдоа совршениот класичен црвен кармин, додека нијансата Sin ќе ги воодушеви сите оние кои сакаат темни црвени тонови.

Секој од овие пет MAC класици ќе биде одличен додаток на било која мејкап колекција, а како изгледаат најпопуларните нијанси ви откривам подолу.

Velvet Teddy

Velvet Teddy

Whirl

Whirl

Ruby Woo

Ruby Woo

Lady Danger

Lady Danger

Sin

Sin

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *