Дознајте кои се новите мирисни креации од Tom Ford!

Tom Ford ги претстави новитетите од своите две мирисни линии, новото издание на популарниот мирис Tuscan Leather од 2007 година кој припаѓа на линија Private Blend и новото издание на мирисот Sole di Positano од 2017 година кој припаѓа на мирисната колекција Private Blend Neroli Portofino Collection. Новите мириси наречени Tuscan Leather Intense и Sole di Positano Acqua беа промовирани по лансирањето на Lavender Extreme кој беше претставен во Март 2019 година.

Tom Ford Tuscan Leather Intense

Според официјалната веб страница на брендот Tom Ford интензивната мирисна креација на новиот Tuscan Leather Intense ни поклонува темна и силна композиција која на оригиналниот бленд додава свежина и слатки акорди во отворањето на мирисот, дрвенести ноти кои дополнително го зајакнуваат срцето на мирисот, заедно со кожни и животински акорди во основата на мирисната креација.

Парфемот Tuscan Leather Intense е достапен во 50 и 250 мл, како Eau de Parfum.

Tom Ford Sole di Positano Acqua

Легендарниот мирис Sole di Positano добива свое мирисно надополнување Sole di Positano Acqua, базиран на свежи сончеви ноти на мандарина, листови на лимон и petitgraina во отворањето на мирисот. Цветното срце на парфемот со сончевите цветови ylang ylang, збогатено е со бели цветови од портокал, момина солза и јасмин заедно со деликатни зелени нијанси на shiso листови. Во основата доминираат зелена мов, сандаловина и мошус.

Мирисот Sole di Positano Acqua е достапен во шишенца од 50 и 100 мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *