- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисното патување со пачули, во светот на парфемите сеуште не е завршено, бидејќи Annayake се приклучи на оваа патување со женскиот мирис Tomo Her.

Tomo Her е посебен мирис, кога гледам друг мирис со пачули се трудам да го прескокнам, но за среќа тоа не го направив со Tomo Her, бидејќи аромата на пачули е присутна, но толку e убаво избалансирана со другите ноти.

Привлечност, свежина и едноставност!

Женскиот мирис Tomo од Annayake се опишува со зборовите – привлечност, свежина и едноставност. Три зборови кои всушност го сублимираат мирисот и покажуваат дека не секој мирис со пачули доаѓа од исто „буре“.

- Реклама -

Annayake Tomo Her – приказна!

Приказната за Tomo Her започна кога Henri Bergia, парфимерот на Annayake кој го создаде машкиот Tomo, една ноќ во Токио забележал една посебна жена облечена во бел фустан како танцува на подиумот за играње, светла и нежна во црната ноќ. Но, само момент подоцна таа си заминува! Нејзината слика го прогонува, го создава Tomo Her како спомен на онаа ноќ со неа, еден мирис посветен само за неа. За креаторот на парфемот тоа е начин да го задржи споменот за неа преку мирис. Оттука беспрекорното бело шишенце, нуди впечатлива порака помеѓу другите транспарентни шишенца.

Зошто е толку посебен!

Tomo Her е сензуален и мистериозен парфем со вибрирачка и волшебна топлина. Мирисот се отвора со блескави ноти: овошна вибрација на бергамот, личи, црна рибизла, обвиткани во есенција од рози. Следува сладострастното срце, каде со апсолутен шарм доминира јасмин, заедно со есенција на лист од Црн чај и суво овошје. Основата – длабока, сензуална, мистериозна – се испреплетуваат интензивни ноти на тонка, ирис, ванила и пачули, обвиткани со бел мошус. Мирисот на топлата кожа ја развива сета своја моќ и магија.

Вреди да се открие?

Annayake мирисите секогаш нудат многу модерно чувство, но сепак се длабоко женствени и елегантни. Tomo Her има многу индивидуален карактер кој совршено се вклопува во линијата на Annayake парфемите.

Мојот прв мирис од брендот Annayake е Tomo Her, исконски мирис кој сигурно вреди да се открие. И вие можете да го откриете во Анабела. Annayake мирисите исклучиво се достапни во парфимеријата Анабела Мериот.