- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако помисливте дека слушнавте и видовте се, барем кога станува збор за шминкањето, се појавуваат нови техники и различни одговори на прашањето за тоа како да ги нашминкате очите. Банана техниката за правилно шминкање на очите всушност не е многу поврзана со ова егзотично овошје, освен по обликот – закривената линија со задебелување што го постигнуваме со оваа техника.

Добра работа е тоа што со банана техниката одлично може да се нашминкаат кафени очи, сини очи, зелени очи, а се применува на различни форми на очите.

Која е целта да се нашминкаат очите со оваа техника?

Правилното шминкање со банана техника прави чуда и може целосно да го трансформира лицето: малите очи визуелно ги прави да изгледаат поголеми, тесно поставените очи изгледаат повеќе раздалечени, ги подигнува споените очни капаци… Навистина многу добри и посакувани ефекти! Но, еве неколку совети како да ги нашминкате очите со оваа ефикасна техника. Значи, банана техника и шминкање на вашите очи чекор по чекор!

- Реклама -

Пред да започнам, треба да знаете дека постојат два начини на изведување – техника на отворена банана и техника на затворена банана и тие се разликуваат по изборот на палетата на сенки и нијансирањето.

Како да ги нашминкате вашите очи со едната или другата техника:

Како да ги нашминкате очите со техника на отворена банана!

Идејата за мејкап техника на отворена банана е визуелно да ги одвоите очите и дополнително да ги „отворите“. Светли нијанси на сенка за очи се нанесуваат на внатрешноста на очниот капак и се извлекуваат нанадвор. На околу 1/3 од капакот треба да нанесете светла палета на сенки (бела, беж, светло сива…), кои кон надворешната страна постепено се затемнуваат во загасити нијанси. Банана линијата може да ја извлечете со мек молив за очи или тенка четка и многу темна сенка на следниов начин: обликот на банана извлечете го покрај самиот раб на очниот капак, пратејќи го неговото природно засенчување. Изблендирајте, потоа ако е потребно нијансирајте со уште малку светла нијанса на сенка. Со молив или туш за очи повлечете линија по целата должина на очниот капак, а по желба нанесете и на долниот дел.

Како да ги нашминкате очите со техника на затворена банана!

За техниката на затворена банана, темната банана линија треба да ја продолжите на горните рабови на очниот капак, кон внатрешниот агол од окото. Со оваа техника ќе постигнете поголема длабочина на вашиот поглед. Нагласете го централниот дел на очниот капак со светла нијанса на сенка, како и работ над очните капаци и под веѓите, за банана линијата дополнително да се нагласи. Со истата темна нијанса на сенка може да извлечете линија на долниот очен капак, а на крај нанесете туш по должината на работ на очниот капак.

Се надевам дека барем малку ви помогнав да си одговорите на прашањето „како да ги нашминкате очите“. Банана техниката бара одредено ниво на вештина за шминкање, но резултатот е многу привлечен: нагласени очи, проследени со природните кривини на окото и очниот капак. Ако користите повеќе нежни нијанси на сенки за очи, банана техниката може да ја користите за дневен изглед, но кога се шминкате за вечерно издание, можете да користите нешто поинтензивни бои од палетата на сенки за впечатлив контраст. Ако играњето со класични нијанси на сенки за очи ви е здодевно, ве охрабрувам да ја пробате банана техниката за шминкање на очите со поатрактивни бои.