НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ ДА СЕ СКОНЦЕНТРИРАТЕ И ПРОДОЛЖЕТЕ ПОНАТАМУ! Boss Bottled Tonic

Boss Bottled Tonic свежиот мирис од препознатливото портфолио на Boss Bottled линијата ни открива нови аспекти на модерната мажественост, повикувајќи го мажот на денешнината да се сконцентрира на неговиот пат кон успехот.

Мирисен потпис кој ве поттикнува да ги постигне своите цели!

Во денешното се повеќе изразено брзање на светот, мажот на денешнината ја препознава важноста од подзастанувањето за да најде моменти кои ќе му помогнат да ја насочи својата перспектива која ќе го движи напред. Движечки, посветен и страствен за успех, Boss Bottled Tonic ја содржи во себе оваа потреба на мажот на денешнината и преку својот единствен мирисен потпис го поттикнува да ги постигне своите цели.

Елегантна мешавина од софистицирани ноти!

Типично мажествениот свеж мирис, Boss Bottled Tonic е елегантна мешавина од софистицирани ноти од  цитрус, зачини и шуми, кои заедно го прават мирисот полесен и му даваат освежувачка димензија на класичниот мирис.

Boss Bottled Tonic се отвара со нотите на пикантен грејпфрут, горчлив портокал и лимон измешан со јаболко кои ни овозможуваат зголемување на свежината и на светлината. Овие акорди ни носат суптилна софистицираност со горчливи нијанси, кои ја отсликуваат динамичната комбинација од контрасти кои го прикажуваат балансот кој го прави мажот на денешнината залагајќи се да ги оствари своите цели останувајќи верен на своите вредности.

Ѓумбир за неговиот остар мирис за да се добие неочекувана енергија!

Со воведувањето на ѓумбирот и неговиот остар мирис, наеднаш се доби неочекувана енергија во ладното отворање на мирисот. И во истовреме, додека се зајакнува динамиката на триото од каранфилче, здравец и цимет, ѓумбирот внесува нов и единствен елемент на мешавината: тој е траен и многу личен на мажот кој го носи.

Одржувајќи го префинетиот квалитет на исушена шума кој се наоѓа во класичниот мирис, острината, благородната нишка од ветивер исто така потсетува на богатството на земјата, оживувајќи ги автентичноста и вредностите кои го пратат мажот на денешнината каде и да оди.

Шишенце со освежувачка плава течност!

Boss Bottled Tonic е претставен во препознатливото Boss Bottled шишенце, сега со освежувачка плава течност која ја одразува неговата растечка светлина и енергија која е дестилација на тој свеж момент на јасност кој му е потребен на мажот на денешнината.

Спремен за успех!

Фотографот Cliff Watts ја сликаше новата принт кампања за Boss Bottled Tonic, покажувајќи го мажот на денешнината и вредностите според кои тој го живее својот живот: храброст, сила и интегритет. Резултатот е колекција од слики кои резултираат со освежен изглед, спремен за успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *