Најдобрите совети на мејкап артистите за купување и нанесување на течна пудра!

Подлогата која ја нанесувате на вашето лице во голема мера може да ја одреди судбината на остатокот од шминката и ако течната пудра не е добро избрана или нанесена на лицето, конечниот впечаток на вашиот мејкап изглед може значително да биде нарушен. За да не згрешите при купување и да го донесете до совршенство нанесувањето на течната пудра, ви откривам неколку корисни совети на мејкап артистите на чии трикови без размислување може да се потпрете, бидејќи станува збор за најголемите експерти во индустријата за убавина.

Пронаоѓање на вистинската нијанса!

#1 Кога ќе пробате течна пудра во парфимерија, тестирајте ги нијансите на природна светлина.

#2 Речиси најчеста почетничка грешка е нанесување на потемна пудра, при што се приметува јасна разлика помеѓу тенот на лицето и вратот. Затоа, кога купувајте течна пудра, тестирајте ја на пределот кај вилицата.

#3 Ако не можете да пронајдете идеална нијанса на течна пудра која со својата формула многу одговара на вашето лице, може да изберете една со посветла и една со потемна нијанса од природната боја на вашето лице и при нанесување измешајте ги заедно и ќе ја добиете саканата нијанса на која што се надевавте.

#4 Купувањето на две течни пудри може да ви послужи за две цели – една во вашата боја на тенот за покривање на несовршеностите на лицето и една во светла нијанса за да направите хајлајт-осветлување на брадата, образите и носот.

#5 Повеќето течни пудри без масло во составот во текот на денот оксидираат на мрсна кожа и попримаат жолта или портокалова боја. Со тестерот од течната пудра што сакате да ја купите, направете проба на неколку часа на вашето лице за да видите како ќе се однесува.

Прави алатки за нанесување на пудра!

#1 Заоблена четка со синтетички влакненца, позната како powder brush е идеална за блендирање на течната пудра.

#2 Мали и меки четки со синтетички влакненца се идеални за блендирање на коректорот во областите на вашето лице под влијание на црвенило или мозолчиња на брадата, челото и носот.

#3 Или едноставно користете ги вашите раце. Некои мејкап артисти го препорачуваат овој метод, бидејќи пудрата во контакт со вашите раце фино се загрева, а потоа многу подобро се нанесува на лицето и се соединува со кожата.

#4 Ако не сте целосно задоволни од резултатот на нанесување на течна пудра со прсти, оваа техника дополнете ја со нежно блендирање со мека четка или бјути блендер за беспрекорен конечен впечаток кој нема да открие дека на лицето имате многу шминка.

Подготвување на кожата пред нанесување на пудра!

#1 Добрата нега на кожата е половина добро завршена работа за постигнување беспрекорен впечаток на течната пудра на лицето. Многу мејкап артисти користат капка или две на масло за лице како еден вид на прајмер пред да ја нанесат пудрата. Така го добиваат оној здрав и сјаен ефект на лицето.

#2 Уште еден трик за изглед на тенот на лицето како да е облеано со роса е мешавина на масло за лице и хидрантна крема нанесена на пределот на јаболкниците на образите, брадата и на врвот на челото.

#3 Комбинација на вода и течна пудра, трик на некои мејкап артисти кој не само што ја хидрира кожата, туку постигнува нежно блескав тен.

#4 Ако сакате сосема лесно покривање и помалку шминка на лицето, превртете ја рутината – додајте две или три капки пудра во навлажнувачки крем кој вообичаено го негува вашето лице. Оваа комбинација лесно ќе ги покрие недостатоците, а од друга страна цел ден ќе ја негува кожата.

#5 Сувите делови на лицето каде ви се лупи кожата предизвикуваат катастрофа и пред да ја нанесете пудрата. За пудрата да не биде пренагласена на овие делови на лицето, мејкап артистите имаат брз трик, а тоа е селотејп кој нежно ги отстранува сувите и стари клетки на кожата.

#6 Лошата текстура на кожата значително се подобрува со комбинацијата на прајмер и кремаста пудра, која ги измазнува брчките на лицето.

Што ако сте нанеле премногу пудра?

#1 Мејкап уметниците многу го сакаат овој трик – вишокот пудра на лицето го отстрануваат со нежен притисок на памучно марамче на лицето.

#2 Стапицата наречена премногу пудра на лицето може да ја избегнете на почеток – доволни се пет точки од пудра на пет зони – секој образ, челото, брадата и вратот.

#3 Бјути блендерот е вашиот пријател, кој ќе ви помогне да го изблендирате вишокот на пудра, за да се стопи пудрата со кожата и да постигнете природен изглед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *