Најдобрите BB креми кои ќе бидат омилени сојузници во летните денови!

Летото и долгите топли денови се пред нас, а со нив неизбежна е топлината која најмногу се рефлектира во секојдневната рутина за убавина, така што сите се обидуваме да користиме што е можно помалку козметички производи. За кожата на лицето полесно да дише, тешките слоеви се менуваат во полесни и прозрачни текстури, а еден од омилените сојузници во топлата сезона секако е BB кремот кој доаѓа на местото на класичната течна пудра.

Секогаш бирајте BB крем со заштитен фактор!

BB кремот е совршен избор за лето бидејќи истовремено ја негува кожата, ја навлажнува и ги прекрива ситните неправилности на неа. BB кремот е добар избор за разни типови на кожа, а при купување секогаш внимавајте кремот да содржи заштитен фактор од УВ зрачење.

BB кремите се многу лесни за нанесување и кожата може да дише. За нормална или мрсна кожа може да се нанесе само слој од BB крем, додека за сува кожа BB кремот може да се комбинира со хидратантен крем кој вообичаено го користите. Со користење на BB крем кожата ќе ви биде благодарна, бидејќи освен што го покрива црвенилото и ситните неправилности, има богата формула која ја штити и ја храни кожата. За вас избрав неколку омилени, кои ќе бидат неизбежен дел од летниот козметички несесер и барем во топлите денови од тронот ќе ја симнат незаменливата течна пудра.

Lancôme Hydra Zen BB Cream

Lancôme Hydra Zen Balm Neurocalm BB Cream

Clinique Age Defense BB Cream

Clinique Age Defense BB Cream SPF 30

Bobbi Brown BB Cream

Bobbi Brown BB Cream SPF 35

Bourjois Healthy Mix BB Cream

Bourjois Healthy Mix BB Cream

Dermacol BB Magic Beauty Cream

Dermacol BB Magic Beauty Cream 8in1 Moisturizing Tinting Cream

Garnier BB Cream

Garnier BB Cream

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *