НАЈНОВАТА МЕЈКАП КОЛЕКЦИЈА! MAC Mirage Noir

MAC Mirage Noir хипнотизирачко пакување на нијанси!

MAC Cosmetics ja лансира новата мејкап колекција за пролет 2018 година. Најновата колекција на MAC, наречена Mirage Noir, е неверојатен спој на чисти, треперливи, пролетни нијанси, но и интензивни со речиси хипнотизирачко пакување на нијанси. Колекцијата е инспирирана од замислени визии и илузии, како и бои кои ги менуваат нијансите на топлите летни ноќи.

Единечна сенка, сјај за усни, кармин!

Колекцијата вклучува четири единечни сенки за очи, со богати ултравиолетови и светло рефлектирачки беж блескави нијанси. Постојат пет блескави нијанси на сјај за усни и пет нијанси на кармин, кои доаѓаат со различен финиш, карактеристичен за Mac производите: cremesheen, satin, amplified, matte и frost.

 

Компактна пудра, бронзер!

Избор на мејкап производи за тенот на лицето вклучува луксузен Pearlmatte Face Powder со карактеристична брановидна форма, две нијанси на Extra Dimension Face Powder и две нијанси на Bronzing Powder.

Течна пудра!

Покрај тоа, постои Face & Body Foundation течна пудра со лесна текстура која обезбедува здрав изглед и покривност со сатенска завршница. Совршена за жешки летни денови, оваа навлажнувачка, долготрајна формула обезбедува постојаност на бојата.

Четка за лице!

Колекцијата е заокружена со специјалното ограничено издание на 104SES Full face brush четката за лице со уникатна рачка.

Дуохроматска амбалажа која ја менува бојата!

Сите производи од MAC Mirage Noir колекцијата се во специјално дизајнирана хипнотизирачка дуохроматска амбалажа која се менува од сина во виолетова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *