Најпосакуваниот црвен кармин за есенската сезона со потпис на Rihanna!

Црвените нијанси на кармини дефинитивно се едни од омилените во секоја сезона, а истото е случај и оваа есен. Оваа сезона еден црвен кармин од мејкап колекција Fenty Beauty на популарната  Rihanna кај многу девојки стана еден од најпосакуваните црвени кармини за добивање на драматичен, женствен и посебен мејкап изглед.

Својата музичка кариера, Rihanna ја надополни со многу успешното лансирање на нејзината мејкап колекција под името Fenty Beauty. Со неа веднаш привлече големо внимание, а производот за кој најмногу се зборуваше е течната пудра, достапна во дури 40 нијанси. Всушност тоа беше мисијата на Rihanna – да се создаде шминка која конечно ќе одговара на сите тонови и подтонови на кожата, без исклучок.

Црвениот кармин на Rihanna!

По огромниот успех со течната пудра, следеше лансирање на разни други мејкап производи како што се палетите со сенки, но секако најголемо внимание предизвика лансирањето на црвениот кармин. Rihanna одлучи својот прв црвен кармин да биде во течна форма. Таа беше голем обожавател на црвените кармини од бренд MAC, затоа беше очекувано лансирањето на свој црвен кармин што повторно ќе им одговара на сите. Името на карминот е Stunna Lip Paint и доаѓа во течна форма. Храбрата црвена боја по нанесувањето добива сатенски финиш, а Rihanna карминот го рекламира како 1 FOR ALL, што значи дека ќе оговара на сите тонови на кожата. Станува збор за гламурозна верзија на црвен кармин, а одличен е бидејќи лесно се прилагодува и совршен е во секоја комбинација.

Ако оваа сезона ја барате совршената нијанса на црвен кармин, тогаш оваа е како создадена за вас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *