Неодоливи парфеми кои ќе ги обожаваме оваа зима!

Мирисите кажуваат многу за вас, односно го отсликуваат вашиот карактер, личност, стил и вкус. Цветни, пудрести, цитрусни, дрвенести или ориентални се групи на мириси во кои сигурно спаѓа и вашиот омилен од колекцијата на парфеми, кој кога ќе го нанесете добивате чувство на самодоверба. И тогаш сте навистина свои – автентични. Добро е познато како мирисите влијаат на расположението и можете да си го поправите денот само со неколку капки од вашиот омилен парфем.

Сепак, без разлика на тоа во која група на мириси се вашите омилени, постојат правила на кои повеќето жени се придржуваат. Многу е јасно кои мирисни ноти доминираат во пролетните и летни разиграни и лесни мириси, потоа кај оние есенските и на крај зимските – малку потешки и интензивни.

Зимскиот период е пред нас и ладните денови кои ни претстојат ќе бидат обележани со парфеми кои се карактеризираат со дрвенести и ориентални ноти, но со акцент на сензуалност и дрзок карактер. Мирисот на зимата бара топлина и посилни мириси кои ја враќаат енергијата и нè поттикнуваат.

Во парфимериите се појави цел спектар на нови мириси кои полека нè воведоа во зимскиот период што следи. Покрај ниски температури и ладното време се бара амбиент кој ќе нѐ направи среќни, а парфемите се најдобриот сојузник во создавањето на миризлива магла во која се чувствуваме добро.

Еве ги најпопуларните парфеми кои ќе ја одбележат зимата пред нас.

Chanel N°5

Црн фустан, бели бисери и најженствениот мирис досега – N°5, класична дефиниција за врвната Chanel елеганција. Секоја вистинска дама во својата мирисна колекција сигурно го посакува ова безвременско издание.

N°5 парфемот во своето препознатливо минималистичко шишенце, но сега за вистинските колекционери на пазарот се појави N°5 во ограничено издание во црвено шише кое зимата ја претвора во топол простор за уживање во елеганција и беспрекорен стил.

Без разлика дали го сакате оваа црвено, прекрасно шишенце за себе или оваа верзија на класикот од Chanel ќе ја подарите на личноста која сакате да ја направите среќна, ова дефинитивно е парфем што ќе ја означи зимата на сосема нов, но сепак автентичен начин.

Chanel N°5 Limited Edition

Narciso Rouge

Новиот заводлив мирис на Narciso Rodriguez со мирисни ноти на килибар и црвен ирис се претвора во добитна комбинација за ладните денови. Препознатливите траги од мошус ќе направат секоја модна комбинација што ќе ја облечете да се претвори во заводлив спектар на карактер, харизма и сензуалност.

Narciso Rouge by Narciso Rodriguez

Sí Intense

Парфемот интензивно ја нагласува сензуалноста и елеганцијата на жената. Мирисот на црна рибизла, предизвикувачка есенцијална џунгла и сосема малку од свиленкастата фрезиа му даваат на овој парфем безвременска вредност карактеристична за Armani. Затоа ова е мирис на страст, нежност и сила, но во исто време е толку непогрешливо женствен.

Giorgio Armani Sí Intense Eau de Parfum

Black Opium Gold Attraction Edition

Гурманскиот женски мирис од Yves Saint Laurent, Black Opium доаѓа во матирано црно шишенце со YSL лого изработено со златни светки, симболично наречен Black Opium Gold Attraction Edition.

Топлата и слатка гурманска композиција креирана е за да го разбуди “гламурозниот рок дух” на новата генерација. Зелената мандарина и круша, белите цветови од портокал и јасмин, акордите на кафе, кедар, пачули и ванила – прават опојната мирисна комбинација за модерно и младешко толкување на зависноста.

YSL Black Opium Gold Attraction Edition

Scandal By Night

Овој мирис потпишан од страна на Jean Paul Gaultier инспириран е од легендарниот париски кварт Пигал, спектакуларна дестинација за незаборавни ноќни прошетки во Париз.

Тоа е парфем што е друго име за екстравагантност, а неговата посебност е нагласена со силна доза на мед, дополнително исполнет со богати ноти од тубероза. Заедно предизвикуваат сензуална експлозија на мириси заробени во срцето на парфемот компонирано од заносната тонка и допир на сандалово дрво.

Jean Paul Gaultier Scandal By Night Eau de Parfum

Bloom Nettare Di Fiori

Gucci Bloom Nettare Di Fiori го претставува мрачниот и повеќе сензуалниот карактер на Gucci Bloom жената и го слави интимниот и автентичниот дел од нејзината личност.

Женствените ноти на роза и цветот османтус се интензивирани, заедно со нотите на јасмин, рангун ползавец и тубероза во срцевината на мирисот. Претежно цветен, мирисот пренесува подлабоко чувство на женственост во една подрвенеста, сензуална мешавина со ѓумбир и роза во горните ноти и нежни, енигматични ноти во основата составена од пачули, мошус и османтус.

Gucci Bloom Nettare Di Fiori

The Scent Private Accord

Boss The Scent Private Accord for Her е гурманска верзија на оригиналното издание. Мирисот е луксузен и сензуален со потемни особини. Османтусот и какаото од претходните изданија се интензивирани со “афродизијачки” ноти на кафе. Содржи ноти на мандарина, со цел да се зголеми неодоливиот шарм и темната привлечност на екстрактот од какао и сензуалниот тонка грав.

Boss The Scent Private Accord for Her

The Only One

Новиот The Only One мирис кој ја опфаќа есенцијата на софистицираната и хипнотизирачката женственост.

Мирисната композиција е контроверзна игра на спротивности, исто како жената која е замислена дека ќе го носи овој парфем. Цветот на љубичица во контраст со гурманските ароми на кафе дава карактер на мирисот. Свежото отворање вклучува мирисни ароми на бергамот, додека срцето доминира со ноти на ирис, сите на базата од ванила и дрвенести ароми.

Dolce & Gabbana The Only One

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *