Несовладлива женственост: мирис за жената со повеќе лица Gucci Bamboo

Бамбусот се издигнува во екстреми услови. Подготвен е да се спротивстави на ураганската сила, а неговата цврстина се споредува со јачината на железото. Извиени и елегантни, бамбусите се издигнуваат над другата вегетација. Модерната Gucci жена ги поседува истите карактеристики како бамбусот. Таа прави совршен баланс помеѓу нејзината сила и самодоверба, нејзината женственост и спокојство. Таа е сензуална, моќна и заповедничка. Таа се свиткува, но никогаш не се крши. Исто како и бамбусот, таа е витална, приспособлива и таа прави и прифаќа промен со леснотија. Таа поседува ненадминлива женска моќ, таа е магичен микс од многу жени. Оваа магнетна поделба која пулсира во неа е основата на мирисната приказна која доаѓа од Gucci.

Силна и благородна, особини на модерната Gucci Bamboo жена!

Gucci Bamboo ги истакнува различните страни на Gucci: нејзината женственост, самодоверба, вештина и сила. Мирисот ја претставува нејзината суштина. Мирисот е олицетворение на нејзиниот дух, ова е мирис специјално креиран за Gucci жената. Нежен и интензивен, Gucci Bamboo е композиција која е инспирирана од  Gucci жената. Природните и резонантни состојки креираат мирисна приказна која одушевува. Дрвенести и топли ноти вибрираат во срцевината и основата. Длабоко сандалово дрво, цврста ванила од Тахити и уникатен сив амбер ја комплементираат женствената и егзотична композиција која е надополнета со уникатен крин од Казабланка, цвет од портокал и деликатниот цвет на Јинг-Јанг.

Стаклено шишенце во форма на крупно засечени дијаманти!

Шишенцето е комбинација на силни и сензуални линии. Специфичното шишенце открива мирисна инспирација карактеристична за Gucci. Стаклено шишенце е во форма на крупно засечени дијаманти, со женствено капаче и прекрасен мирис внатре. Шишенцето е метафора за Gucci жената која има повеќе карактеристики. Ова шишенце открива непогрешни бамбусови контури во полиран сребрен метал. Пакувањето ги повторува боите од шишенцето – блескаво сребрено G во форма на бамбус кое е врамено во кутијата и нежен контраст со розови нијанси.

Gal Gadot заштитно лице на Gucci Bamboo!

Пример за сила и женствена магија, прекрасната и сензуална Gal Gadot е заштитно лице на Gucci Bamboo.

“За мене парфемот е втора кожа. Првиот чекор е изборот на мирис, а вториот чекор е неговата хемиска реакција на телото.” – Gal Gadot

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *