- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Giorgio Armani Acqua di Gio Absolu – најновата креација на Acqua di Gio мирисната линија, дело на врвниот парфумер Alberto Morillas. Новата изведба на култното Acqua di Gio издание како Absolu верзија, презентирано од страна на Giorgio Armani како машки хит ова лето. Acqua di Gio Absolu е со ароматично дрвенеста интерпретација во која овошјето, морските ноти и дрвенестите ноти создаваат хармонија на нов, изразит начин.

Што може да ни понуди новата верзија на Acqua di Gio Absolu?

Парфемот е најавен како нова сензуалност на Armani колекцијата, кој со миксот на морски ароми и пачули настапува софистицирано и мажествено. Мирисната композиција на новиот мирис нуди славење на спојувањето на водата и дрвото; ново поглавје на Acqua di Gio приказната на здружување на човекот со природата, како и ослободување на неговата внатрешна сила и слобода.

Сензуална, топла и елегантна мирисна композиција!

Композицијата е сензуална, топла и елегантна. Покрај клучните мирисни ноти на морска вода, овошје и пачули кои се рефлектираат на харизматичната комбинација на вода и дрво во составот застапени се: акорди на бергамот, рузмарин, лаванда и гераниум кои се одраз на машкоста со топлината на тонка аромата вметната за да се нагласи сензуална страна на мирисот.

- Реклама -

Рекламна кампања: Jason Morgan ги отелотворува вредностите на Acqua di Gio!

Новиот Acqua di Gio Absolu слави витална, природна сензуалност низ очите на фотографот Matthew Brookes и филмскиот режисер François Rousseau. Претставува класичната суштина на водата, како и природните врски помеѓу водата, минералите и дрвото. Моделот Jason Morgan, ги отелотворува вредностите на Acqua di Gio, во рекламната кампања.

Шишенце со дрвено лакирано капаче со иницијали на Giorgio Armani!

Шишето на мирисот е со добро познатиот облик како кај претходникот Acqua di Gio, но овој пат капачето е направено од лакирано дрво со монограм. Дрвеното капаче се спојува со метална рамка околу вратот на шишето, што “лежи” на стакленото тело како одраз на дрвенестите и водните тонови на мирисната композиција. Шишето е стаклено и транспарентно, а бојата на течниот еликсир е со топла нијанса на килибар.