ПО ДВАЕСЕТ ГОДИНИ, НОВ МИРИС ЗА ЖЕНИ ОД DIOR!

Модната бренд за убавина Dior е култно име во светот на високата мода, но и во светот на луксузните производи за убавина – од прекрасни креации и ташни кои секоја дама посакува да ги има во својот плакар, до мејкап производи кои го заслужија култниот статус и станаа омилени кај мејкап артистите и жените низ целиот свет. Со извонредните креации и со некои од најдобрите мејкап производи во светот на убавината, Dior парфемите се уште еден од култните производи, кои со децении се издвојува како вечни класици. Секогаш на листата на најпосакуваните парфеми на светот, Dior парфемите носат рапсодија на мирисни ноти и зрачат  со препознатлива Dior елеганција.

Доаѓа новиот Dior парфем!

По дваесет години, во септември 2018 година ќе пристигне новиот парфем со потпис од брендот Dior, вест која сите бјути ентузијасти и љубители на брендот Dior ја пречекаа со одушевување. Најновите мирис за жени ќе им се придружи на култните мириси од Dior, како J’Adore и Miss Dior. Иако многу малку се знае за новиот женски парфем, модниот бренд Dior со воодушевување го претстави заштитното лицето на новиот мирис,  актерката и долгогодишна амбасадорка на брендот Dior, Jennifer Lawrence.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *