- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Maybelline x Mickey Mouse мејкап колекција!

Дали знаете дека Mickey Mouse го прославува својот 90-ти роденден овој месец? Поточно 18 Ноември, а тоа е повод светски познатиот мејкап бренд Maybelline да ги здружи силите со Disney во создавање на лимитирана колекција со шминки, наречена Maybelline x Mickey Mouse на која сигурно не и недостасува шарм.

Шминките посветени на ликот на Mickey Mouse привлекуваат со пакувањето!

Maybelline на тој начин се приклучува на листата на брендови кои оваа година одлучија да го прослават големиот јубилеј на Mickey Mouse, но секако најголемо внимание привлече колекцијата на патики потпишани од страна на брендот Vans. Но, во овој најнов случај со  Maybelline, се работи за призводи за шминкање, бидејќи Maybelline е познат во целиот свет. Колекцијата со шминки посветена на ликот на Mickey Mouse на прв поглед привлекува со пакувањето на мејкап производите, дизајниран во црно-бела комбинација со малку хипнотички 3D графички елементи во духот на познатата анимирана икона. Затоа, овие мејкап производи може да им се допаднат дури и на оние жени кои обично не преферираат ваков тип на соработки.

- Реклама -

Mickey Mouse мејкап колекција со три колекционерски производи!

Во колекцијата која ќе биде достапна од овој Ноември ќе може да се пронајдат вкупно три производи: исконската Maybelline палета со сенки наречена The City Palette – достапна во две верзии, Color Sensational кармини спакувани во кутија за подароци со дури 6 колекционерски нијанси и хидратантен „complexion perfector“ достапен во три различни нијанси, спакувани во арт компактна кутија со сунѓер-апликатор за нанесување. Го користам зборот колекционерски, бидејќи тоа е ограничена мејкап колекција, па вреди да се набават овие производи веднаш штом ќе се појават во парфимериите.