НОВА ЅВЕЗДА: СОЛАРЕН НЕРОЛИ! Lancôme La Vie est Belle L’Éclat Eau de Toilette

Ново свежо толкување на легендарниот Lancôme La Vie est Belle, сега преку најновата мирисна дефиниција за среќа и радост – тоалетната вода L’Éclat. Новото поглавје за среќа истражува уште еден миризлив аспект на портокалово дрво – нероли.

Остри горни ноти!

Мирисот La Vie est Belle L’Éclat Eau de Toilette започнува со експлозија на пенливи, силни овошни ноти на мандарина, грејпфрут и бергамот и со зголемена доза на розов бибер обвиен во елегантен акорд на чај.

Соларна срцевина!

Оригиналниот букет од мирисот L’Éсlat, претставува комбинација од ирис и цвет од портокал, кои се обвиени со блескавата нота на концентрат од нероли. На овој начин елегантно ги нагласува најновите и најсветли аспекти на цветот од портокал.

Мирис, пријатен како втора кожа!

Основните мирисни ноти на ирис и пачули се освежуваат со нови, меки и мазни акорди на мошус и амброксан, создавајќи впечатлива и ненаметлива мешавина – едноставно како втора кожа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *