- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

2018 година во светот на убавината несомнено е обележана со појавата на нови креми за лице кои привлекуваат внимание со иновативни формули и одлични резултати. Создадени за различни типови на кожа, новите креми даваат подобар одговор на дневните потреби на вашата кожа. И додека некои од новитетите ќе поминат незабележително, други ќе нѐ натераат да ги погледнеме. Последната во серијата на нови креми за лице која само што беше промовирана веќе предизвика голем интерес, доаѓа од лабораторијата на популарниот бренд за убавина Clinique и носи ново издание на една од најпопуларните креми досега.

Dramatically Different бестселер на брендот Clinique!

Dramatically Different гел кремот за лице стана еден од најдобро продаваните бестселери на бренд Clinique и омилен производ во целиот свет, но неговата нова верзија која штотуку пристигна во парфимериите е една од кремите со најлесна текстура, каква сеуште никогаш не сте пробале, но сигурно ќе ви се допадне.

Ултимативен одговор во потрагата за совршен дневен крем!

Clinique Dramatically Different moisturizing гел кремот беше совршен одговор за лесен дневен крем кој обезбедува длабинска хидратација без тежина на кожата, но со допир на природен сјај. Иако Dramatically Different moisturizing гел кремот одговараше на речиси секој тип на кожа, но посебно им се допаѓаше на оние со мрсна кожа, новото издание на кремот е ултимативен одговор во потрагата за совршен дневен крем за мрсна кожа.

- Реклама -

Dramatically Different hydrating jelly – хидратација во најлесно издание досега!

Новиот Dramatically Different hydrating jelly крем оди чекор подалеку и доведува до длабока хидратација во најлесно издание досега.

Новитетот од Clinique, Dramatically Different hydrating jelly кремот за лице носи спој на лесна гел текстура, освежувачки ефект по нанесувањето и хидратантна формула без масло, но збогатена со глицерин и хијалуронска киселина, јачмен и екстракт од краставица.

Невидлив слој за целодневна заштита!

Покрај тоа што е крем со најлесна текстура на светот и совршен избор за мрсна кожа, новата Clinique крема се истакна како совршен избор за исклучително чувствителна кожа поради тоа што не содржи вештачки мириси и бои. Покрај хидратацијата која ќе одговара на секој тип на кожа, Dramatically Different hydrating jelly на лицето се нанесува во невидлив слој за целодневна заштита од загадениот воздух, со што се издвојува како нов фаворит на градските улици.