Ново колекционерско издание од YSL – сјај за усни Tatouage Couture Metallics

YSL Beauty го претстави новото колекционерско издание на својот Tatouage Couture Liquid Lip Stain сјај за усни. Модната куќа и брендот за убавина Yves Saint Laurent предлага нова светкава верзија на својот лесен сјај за усни.

Tatouage Couture Metallic сега се нуди во ограничено издание, во две нијанси!

Линијата Tatouage Couture Metallic, која е дел од постојаниот опсег производи на YSL, сега се нуди во ограничено издание. Две нијанси на колекционерски сјаеви за усни: Tatouage Metallics Collector – 101 Chrome Red Clash и 102 Iron Pink Spirit – сега ќе бидат достапни со апликација на змија.

Змија – мотив кој може да се забележи насекаде во креациите на Yves Saint Laurent!

Инспирацијата за апликација на змија е повторлив симбол во историјата на YSL, мотив кој може да се забележи насекаде од модните фустани на Yves Saint Laurent до неговата куќа во Marrakech. За ова специјално издание, златната змија е отпечатена на транспарентно шишенце од чадено стакло.

Формула – поинтензивна покривност и сјаен метален финиш!

Формулата за оваа едиција повторно замислена е да обезбеди поинтензивна покривност и сјаен метален финиш, инспирација добиена од златниот и сребрен накит за усни. Tatouage Metallic не ги суши усните и удобен е за носење, додека течната формула која веднаш се суши, останува на усните до осум часа без да исчезне. Како тетоважа, матирачката металик боја се нанесува со користење на ексклузивен апликатор кој овозможува прецизно нанесување и полнење, без прелевање преку линијата на усните.

YSL Tatouage Couture Metallics Collector 101 Chrome Red Clash
YSL Tatouage Couture Metallics Collector 102 Iron Pink Spirit

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *