Ново свежо толкување на легендарниот La Vie est Belle

Во 2017 година Lancôme го лансира La Vie Est Belle L’eclat Eau de Parfum како свежо и цветно толкување на оригиналниот и сладок La Vie Est Belle од 2012 година.

Според најновите информации во 2018 година Lancôme ќе ја промовира својата нова верзија La Vie Est Belle eclat L’Eau de Toilette.

Мирис на среќата и слободата!

Како и Eau de Parfum изданието, новиот La Vie Est Belle L’eclat, навестен е како блескав мирис со свежо ориентални, цветни композиции што претставува мирис на среќата и слободата. Новата верзија е надградена со дополнителни цитрусни ноти и акорди на розов бибер, чај и нероли.

Како топ ноти во парфемот доминираат бергамот, грејпфрутот, мандарината, розовиот бибер и мирисот на чај. Во срцето на парфемот доминираат мирисните акорди на цветот од портокал, нероли, јасмин и розата од Турција. Базата на парфемот ја сочинуваат ирисот, пачулито и мошусот.

 

Шишето од рефлексно стакло е потпишано од дизајнерите Maison Pochet и Catherine Krunas. Lancôme La Vie est Belle L’Eclat L’Eau de Toilette ќе биде достапен како 50 и 75 мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *